Изберете една фотографија и дознајте што ве очекува во јули

Фотографија 1 – Бубамара на цвет

Зад оваа фотографија се крие симболиката на картата Царица во таротот. За вас ова ќе биде месец на создавање.

Царицата ја симболизира плодноста, но и секаков вид на создавање и продуктивност. Затоа, можете да очекувате многу активности и акција во текот на овој месец.

Ќе имате многу енергија, ќе се грижите за другите, ќе можете да извршувате неколку работи одеднаш и ќе бидете добро организирани.

Ако ја следите симболиката на картата одблизу, тогаш можете да очекувате да се родат некои нови идеи овој месец.

Сигурно ќе бидат добри и важно е тоа да не остане само во главата - туку да направите некои конкретни потези за да ги реализирате. Пред вас е плоден месец!

izberete-edna-fotografija-i-doznajte-shto-ve-ochekuva-vo-juli-02.jpg

Фотографија број 2 – Лик на жена

Зад оваа фотографија се крие симболиката на тарот картата Умереност, што значи дека пред вас е месец на усогласување.

Делува како да имате премногу обврски, а ви недостигаат баланс и рамнотежа во животот.

Во текот на овој месец ќе мора да се справите со тоа за да живеете поопуштено и помирно.

Ќе треба да направите и некои компромиси за да достигнете „златна средина“ во вашиот живот.

Месецот пред вас е напорен, но тоа е единствениот начин да создадете подобра иднина за себе и за вашите најблиски.

izberete-edna-fotografija-i-doznajte-shto-ve-ochekuva-vo-juli-04.jpg

Фотографија број 3 – Шарени камчиња

Зад оваа слика се крие симболиката на тарот картата Правда, а за вас доаѓа месец во кој ќе балансирате.

Постигнувањето правилен баланс во животот е сложен процес и бара постојана работа.

Месецов ќе решите некоја недовршена работа или конечно ќе се соочите со себе.

Некои од вас би можеле да влезат во сериозна љубовна врска, а некои конечно да решат некој судски процес.

Многу вистини би можеле да излезат на виделина во текот на месецот, па затоа јули е важен месец за вас. Бидете искрени и храбри.

izberete-edna-fotografija-i-doznajte-shto-ve-ochekuva-vo-juli-03.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Визуелен предизвик: Колку предмети можете да изброите на фотографијата? На фотографијата пред вас има неколку предмети. Тие се поставени еден врз друг, ...
Кои знаци треба да ги додадете за да добиете точно равенство? Од четирите цифри кои се на фотографијата пред вас, со математички операции обид...
Визуелен тест: Можете ли за 10 секунди да ја пронајдете грешката на фотографијата? Каква е вашата моќ на забележување? Дали обрнувате внимание на деталите? Погледн...
Можете ли за 20 секунди да го најдете бројот 869 меѓу сите 899-ки? Ако за само 20 секунди успеете да го пронајдете скриениот број на сликата, тогаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg