Како да знаете дека партнерот ве лаже, според неговиот хороскопски знак?

kako-da-znaete-deka-partnerot-ve-lazhe-spored-negoviot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Тој е поим за хармонија и баланс и кога ве лаже стравува многу од последиците на неговата неискреност. Па, затоа ако ве излаже, ќе ве избегнува затоа што не сака да се соочите со своите грешки. Ќе престане да ви пишува и да ви се јавува.

Кога ќе го видите мажот Вага на лицето ќе му познаете дека се бори, иако во неговиот ум смета дека не прави ништо погрешно, туку само избегнува конфликт.

Скорпија

Тој е вистински лицемер, проповеда за искреност и транспарентност, а е хороскопски знак со најмногу тајни. Нема проблем да ве лаже во лице само за да си се заштити себеси и својата приватност.

Мажот Скорпија знае како да ве убеди, па дури и да направи да поверувате во неговата лага. Ако почнете подетално да го испитувате, може да ја изгуби својата смиреност и да избувне. Ќе се брани и ќе ви каже дека е навреден што го обвинувате.

Стрелец

Тој е најбрутално искрениот хороскопски знак, но од друга страна застрашувачки е со каква леснотија може да лаже. Кога крие нешто се однесува сосема лежерно, дури и прележерено. Дури како да нема време за вам да ви се објаснува.

Мажот Стрелец ќе направи да се чувствувате виновно што воопшто се сомневате во него. На крај ќе дојдете до апсурдна ситуација да се сомневате во самите себе. Единствено можете да го познаете по говорот на тело, гледајте го внимателно.

Јарец

Навистина ќе ви биде потребно многу среќа за да го фатите овој маж во лага. Тој има совршено „покерско лице“ и речиси не можете да препознаете кога лаже. Со него никогаш не можете да бидете сигурни.

Мажот Јарец и кога лаже ќе ве потсети дека „Тој никогаш не лаже, зарем го сметате за лажго“, па затоа во вакви ситуации детално набљудувајте го начинот на кој се однесува.

Водолија

Тој многу ќе мери и премерува кога ќе ви дава одговори и ќе ви открива детали кога лаже. На моменти ќе се двоуми дали да соработува кога од него ќе барате повеќе детали. Ќе се обиде да ви ја промени темата, на нешто комплетно неповрзано.

Мажот Водолија ќе сака да ве исфрли од колосек одговарајќи ви со поставување на прашања и избегнувајќи ја темата, а ако почне да стане иритиран, тогаш најверојатно се плаши дека ќе биде фатен.

Риби

Кај нив постојат две екстреми – или ужасно лажат или се совршени лажговци. Кога мажот е од втората група, тогаш тој ќе се обидува да манипулира со вас.

Мажот Риби ќе впери прст во вас, ќе се обиде да ги изврти фактите и да се претстави себеси како жртва. И може да биде убедлив во тоа. На крај вие ќе му се извинувате.

Но, ако мажот Риби е во групата, која се ужасни лажговци, тогаш тој ќе игра на карта префрлање на вината и ќе ви каже дека вие сте го притиснале во ќош и бил присилен да лаже.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...
4 хороскопски знаци кои привлекуваат пари како магнет Скорпиите се природни лидери и имаат вистинска моќ да заработат пари. Нивна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg