Со кој хороскопски знак никогаш не би требало да почнувате врска (иако привлечноста меѓу вас е магнетна)?

so-koj-horoskopski-znak-nikogash-ne-bi-trebalo-da-pochnuvate-vrska-iako-privlechnosta-megju-vas-e-magnetna-02.jpg

Вага – Со Овен

На Вагите им е мошне важно да ѝ се допаднат на средината, па внимаваат многу на доброто однесување и изгледот, а тоа на Овните воопшто не им е важно.

Вагите се мошне друштвени и се водат од сопствениот изглед во општеството, додека Овните се водат од своите примитивни страсти и потреби.

Ако се земе предвид потребата за опасност на Овен и желбата за луксузен живот на Вагата, тие заедно може да бидат одлични партнери за криминал, но не и за љубов.

Скорпија – Со Близнаци

На Скорпијата може да ѝ се допадне шармот и слаткоречивоста на Близнаците, но ќе ја извади од такт тоа што тие не знаат да дадат веднаш заклетва на вечна љубов.

Скорпијата може да почне да калкулира, да креира планови за одмазда или евентуално само да се повлече.

На Скорпиите им е важно постојано да ја имаат контролата, но Близнаците никогаш нема да потклекнат.

Стрелец – Со Рак

Ракот целиот свој живот има за цел да создаде и да го заштити сопствениот дом, додека Стрелецот е скитник кој не може да се скраси на едно место.

Во оваа врска секогаш еден од двајцата ќе се чувствува напуштено, а другиот затекнато или бунтовно.

Јарец – Со Лав

Јарецот важи за вистински „татко“ во Зодијакот, а Лавот пак важи за „дете“ што одбива да порасне.

Во врската често Лавот ќе се чувствува како да е под постојан надзор и како да има помала вредност, додека Јарецот ќе чувствува дека му е дадена мошне неблагодарна улога да биде родител и да го обезбедува партнерот.

Оваа врска може да успее само ако Јарецот препознае нешто генијално кај Лавот, па ќе остане за да може тоа да го искористи во сопствени цели.

Водолија – Со Бик

И двата знаци се препознатливи по тоа што тешко отстапуваат од сопствените идеи и ставови и не бираат начин, ниту средства за да го одбранат тоа што го сакаат.

Ако останат долго време заедно, може да почнат да чувствуваат индиферентност еден кон друг, а почетната страст брзо избледува.

Водолијата сака да живее во сопствените идеи, додека на Бикот му е важно нештата да бидат опипливи и реални, така што ова е уште една комбинација која е осудена на пропаст.

Риби – Со Јарец

Рибите сакаат да сонуваат и да веруваат во тоа што би можело да биде, кога би им се оствариле соништата. Јарците, пак се заинтересирани само за реалните и опипливи факти, што можат сами да ги креираат.

Оваа врска може да опстане само ако Рибите не се финансиски зависни од Јарецот или Јарецот има малку поинакви погледи кон светот, па, отстапува од сликата на „тежок реалист“.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg