Што ви треба за да се расположите на лош ден, според хороскопскиот знак?

shto-vi-treba-za-da-se-raspolozhite-na-losh-den-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Излегувањето со пријателите е најдобриот лек за вас.

Покрај тоа што ќе можете да ги споделите грижите, забавната атмосфера ќе ви помогне и да заборавите на нив.

Скорпија

Вие сте позатворена личност, па кога не се чувствувате добро, сакате да се изолирате.

Да излезете сами, да прошетате низ природа или да направите што било само во свое друштво, и веднаш ќе ви биде подобро.

Стрелец

Желбата за авантура во вас не стивнува дури и кога не ви е најдобро.

Всушност, токму некоја нова авантура може да ви помогне да се расположите и на најмрачните денови.

Јарец

Како амбициозна личност, вашите достигнувања ви се особено важни.

Кога се чувствувате лошо, доволно е само да се присетите што сè сте постигнале досега, и веднаш ќе ви биде подобро.

Водолија

Вие не сакате да ги споделувате вашите проблеми, но разговорот со сакана личност може да ви помогне да се расположите.

Во овие мигови сакате да филозофирате или да дискутирате за нешто ново што сте научиле.

Риби

Вие сте емотивна личност која секогаш е достапна за другите.

Кога, пак, се чувствувате лошо, навистина ќе ви значи кога и саканите ќе ви покажат дека се овде за вас.

Доволно е само да ви се јават за да ви биде подобро.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак? Бикови, вие сметате дека луксузот не е привилегија, туку право на секој човек, п...
Хороскопски знаци кои повеќе ќе уживаат во 50-тите, отколку 20-тите години од животот Девици, додека да наполните 50 години, вие ќе имате проживеано повеќе од кого би...
3 хороскопски знаци кои важат за најдобри родители Риби, вие се сомневате во вашите родителски способности. Но, токму овој сомнеж в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg