Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска?

ne-se-obiduvajte-da-go-skrotite-ovenot-kakvi-dechkovci-se-horoskopskite-znaci-koga-se-vo-vrska-02.jpg

Вага

Не поднесуваат конфликти, нечист дом и луѓе што не се одговорни и не можат да се посветат.

Иронично, но ова се шармантни мажи, кои секогаш изгледаат добро и лесно ги привлекуваат припадничките на спротивниот пол, но имаат проблем кога треба целосно да се посветат на една личност.

Кога сте во врска со Вага, очекувајте дека тие секогаш ќе наоѓаат начин да избегнат конфликти, па затоа нема да ви кажат ниту што мислат за вашиот изглед, иако не им се допаѓа тоа што го носите.

Често може да се случи кога сте во врска со нив да се чувствувате како да не сте доволно добри и дека треба постојано да работите напорно за да ги постигнете нивните високи идеали.

Скорпија

Ова се мажи што сакаат да знаат сѐ за партнерката. Не се срамат да разговараат и за најинтимните теми.

Знаат да бидат опседнати, лојални до крај и драматични партнери кои секогаш сакаат да ги разоткријат најтемните тајни во срцето на партнерки. Тие секогаш ќе дадат сѐ од себе за нивната партнерка да биде среќна и задоволна.

Треба да знаете дека нивната доверба се стекнува многу тешко, а може да биде многу лесно разнишана.

Нивната скептичност најверојатно потекнува од тоа што тие се мошне романтични по природа, а стравуваат дека нивните емоции никогаш нема да им бидат возвратени во целост.

Стрелец

Самоуверени и решителни, тие веруваат дека можат да се извлечат од секоја ситуација, па тоа не ги спречува да се додворуваат и на партнерки што воопшто не се заинтересирани за нив и со кои немаат никакви шанси.

Кога сте во врска со Стрелец, прво правило што мора да го почитувате е да му дозволите да остане слободен и да не се обидувате да му наметнувате ограничувања.

Со овие мажи секогаш ќе имате партнер за лудите авантури, кој често ќе знае да ве изненади со своите уникатни и несекојдневни изливи на љубов.

Јарец

Не очекувајте јавни изрази на љубов и поезија. Јарците веруваат дека тоа што одлучиле да бидат во врска со вас е доволен знак дека ве сакаат.

Станува збор за мошне посветени, работливи и дисциплинирани мажи што точно знаат што сакаат и никогаш не се задоволуваат со нешто помалку од тоа.

Очекувајте дека тие долго време ќе бидат посветени на врската и ќе дадат сѐ од себе за таа да успее, затоа што Јарците не знаат како да имаат минливи авантури или забави.

Водолија

Сакаат партнер од кој нема да се срамат да ги покажат и своите чудни и необични страни, а истовремено се плашат од одбивање и несфатеност.

Кога сте во врска со нив треба да сфатите дека Водолиите ќе се обидат да најдат рационален одговор за секоја емоција. Исто така, поверојатно е да успеат да ви направат телескоп со хартија и спојувалки или да именуваат соѕвездие со вашето име, отколку да ви кажат дека ве сакаат.

Иако врската со нив нема да биде вообичаена, сепак вреди да се проба. Затоа што врската со Водолија секогаш е уникатна.

Риби

Ова се мажи што се големи љубители на фантастиката, несфатливата поезија и интересните романтични идеали.

Честопати со нив ќе имате чувство како да живеете во некој друг свет што не се покорува на правилата на реалниот, а тие ќе дадат сѐ од себе за врската да наликува на нивната омилена бајка или фантастична приказна.

Ова се мажи што ќе ви останат посветени и во најтешките денови од животот и нема да ве остават.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg