Шеговит хороскоп: Со која помисла ќе ја дочека Нова година секој хороскопски знак?

shegovit-horoskop-so-koja-pomisla-kje-ja-docheka-novata-godina-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

„Леле колку бев напорен/на минатата година“.

Важат за дипломати кои се свесни за сопствените грешки и недостатоци. За нив секоја Нова година е можност за да се подобрат, и да променат нешто кај себе.

Скорпија

„Ми треба некоја нова опсесија за следните 3 месеци“.

Претставниците на овој знак обожаваат кога имаат со што да бидат опседнати. Може да се работи за некое хоби, проект или личност, но интересот за новото најчесто опаѓа по периодот од 3 месеци.

Стрелец

„Зошто веќе не сум истата личност како порано?“

Стрелците често мака мачат и не можат да прифатат дека е сосема нормално да се менуваат и да созреваат.

Потребно е да сфатат дека најголема авантура во животот може да им биде тоа што ќе ја сфатат разликата за тоа кои биле и какви луѓе станале.

Јарец

„Не се воздржувај, слободно осудувај ме – ниту јас немам високо мислење за себе!“

Јарците се едни од ретките луѓе што сакаат да ги слушнат осудите и негативните мислења за нив.

Ним најчесто и не им е важно што мислат другите за нив, затоа што во најголем број случаи тие се претерано самокритични.

Водолија

„Значи пак сѐ се повторува од минатата година“.

Вие сте вечни бунтовници, па кога ќе забележите дека ви се повторуваат истите искуства станувате тажни и се чувствувате заглавени.

Понекогаш е добро да се вратиме на минатото и да си ги согледаме грешките.

Риби

„Не сакам да се вратам во реалноста“.

Убаво е кога можете барем на миг да побегнете од реалноста и да отпатувате во својот свет на фантазиите и соништата. Вам ви се потребни овие бегства за да можете да ја поттикнете сопствената креативност и да сонувате.

Сепак, не заборавајте дека некогаш мора да се вратите и во суровиот свет на реалноста.

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg