Финансиски хороскоп за јануари 2024 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите?

finansiski-horoskop-za-januari-2024-koi-znaci-kje-se-zbogatat-a-koi-kje-imaat-problem-so-parite-02.jpg

Вага

Првата половина на јануари нема да ви делува надежно во однос на финансиите, поради зголемените трошоци.

Но, до крајот на месецот ве очекува поголема заработка од некои дополнителни деловни активности - хонорарна работа, работа на проект и слично.

Скорпија

Почетокот на јануари ќе биде променлив на финансиски план и само од вас зависи дали ќе влезете во финансиски проблеми или не.

Но, втората половина на месецот ќе биде постабилна, ќе се намалат трошењата и вие ќе го дочекате февруари со позитивно салдо.

Стрелец

Годината ја почнувате со прилично испразнета сметка, па од самиот почеток на јануари ќе се трудите да ги сведете трошоците на минимум.

Иако нема да имате голема заработка до крајот на месецот, ситуацијата по 10-ти јануари ќе биде стабилна и вие ќе здивнете.

Јарец

Иако вашата финансиска состојба во јануари е малку нестабилна, а вие сте загрижени поради недостигот на пари, сепак тоа ќе се смени до крајот на месецот.

Ќе почнете да работите на некој проект или ќе имате мало вложување кое ќе ви донесе финансиска стабилност во следниот период.

Водолија

Во првата половина на јануари ќе имате мал прилив на пари, а големи трошоци.

И иако ова ќе ви создаде несигурност, сепак, работите ќе се подобрат пред крајот на месецот, кога некои Водолии ќе имаат неочекуван прилив на средства.

Но, размислете и за тоа да ги намалите непотребните трошоци.

Риби

Ова е месец во кој постепено ќе стекнувате и деловна, и финансиска стабилност.

Ако на почетокот на месецот не можете да ги покриете сите сметки и долгови, веднаш намалете ги трошоците и распределете го поинаку семејниот буџет.

Работите ќе се подобрат пред крајот на јануари.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за декември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Лав - Овој месец ќе имате доволно пари за удобен живот, но не и за луксузирање. ...
Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Јарец - Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомн...
Финансиски хороскоп за јули 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Рак - Напорната работа ќе ви донесе финансиска награда. До 24-ти јули треба да г...
Финансиски хороскоп за јуни 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Јарец - Можно е зголемување на платата поради добрите резултати и напорната...
Финансиски хороскоп за октомври 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Близнаци - Иако нема да заработите екстра пари, ова е добар период за проме...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg