Каде треба да отпатувате во 2024-та според хороскопскиот знак?

хороскоп-02.jpg

Вага

Вагите сакаат луксуз и затоа најдобра дестинација за нив е француската ривиера.

Според астролозите, нема да згрешите ако одберете кој било од шармантните градови долж ривиерата - Кан, Марсеј, Сен Тропе, Ница...

Скорпија

Скорпиите сакаат возбуда, страст, па токму поради тоа совршена дестинација за нив во 2024-та е Куба.

Прошетки по улиците, многу музика, рум, локална храна, забава... совршен одмор.

Стрелец

Стрелците се секогаш расположени за авантура и нови искуства.

Астролозите затоа го предлагаат Тајланд како идеална дестинација за 2024-та.

Јарец

Јарците не сакаат да губат време и да можат, би патувале 12 месеци во годината без престан.

Според астролозите, идеална дестинација за нив оваа година е Њујорк.

Водолија

Водолиите сакаат да одат на хедонистички патувања.

Токму затоа во 2024-та треба да ја посетат Виена и да го почувствуваат нејзиниот шарм.

Риби

Рибите сакаат мирен одмор и романтика, па топ дестинација за нив во 2024-та е Шпанија.

Изберете некој од помалите градови, кои не се омилена дестинација на туристите и искусете ја земјата и тоа што го нуди со целиот нејзин шарм.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Една работа што ви е најпотребна во животот, според хороскопот Раковите се емотивни, па затоа сакаат покрај себе да имаат некој што ќе се грижи...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg