Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Која особина не можете да ја толерирате кај партнерот, според хороскопскиот знак?

koja-osobina-ne-mozhete-da-ja-tolerirate-kaj-partnerot-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага – Некултурно однесување

Вагите се луѓе што постојано сакаат да балансираат, а нивен владетел е Венера, планетата на љубовта, убавината и естетиката.

Затоа, Вагите се „алергични“ на сè што има негативна и грда конотација, како некултурно однесување, груби зборови, лоши манири, гласно грицкање, расправање за политика, нечист и кич уреден простор. Ако кај партнерот забележи нешто од ова, Вагата ќе си замине без да ви даде шанса да се поправите.

Скорпија – Флертување

Скорпиите бараат лојалност и секогаш се во исчекување на неверство. Треба да бидете свесни дека ако сте влегле во врска со претставник на овој хороскопски знак, вие сте нивна сопственост, а секој друг е конкуренција.

Тие не можат да поднесат да ве гледаат како флертувате, се шегувате или сте пријателски настроени со некој којшто би можел да им биде конкуренција (а во нивната глава секој е потенцијална конкуренција).

Стрелец – Негативност

Ова се луѓе што често страдаат од токсична позитивност и заразен оптимизам.

Тие постојано веруваат дека сè ќе биде добро и дека сè уште не го стигнале врвот на својот потенцијал, па затоа не можат да поднесат да бидат со луѓе што се негативни, што постојано се жалат или заговараат темни и црни сценарија за иднината.

Јарец – Мрзеливост

Ова се вредни работливи луѓе, чијашто главна цел е да градат и никогаш не би сакале да бидат во врска со луѓе коишто се мрзеливи, хедонисти или мислат само за сопствените потреби.

Дополнително, никогаш не би биле во врска со мрзеливи луѓе кои немаат цел и кои само можат да го попречат нивниот пат до врвот на планината.

Водолија – Зависност од други луѓе

Водолиите никогаш нема да бидат во врска со личност што постојано е залепена за нив или која се обидува да ги контролира. Како луѓе чијашто главна цел е револуцијата и логичката независност, тие имаат потреба од сопствен простор, од некој што е трпелив и постојано ќе ги охрабрува во нивните ексцентрични идеи и планови.

Ако сте од оние луѓе на кои им е потребен некој да ги води во животот и ако барате партнерот да биде постојано до вас, заборавете на Водолиите.

Риби – Кога некој ги лаже

Рибите многу водат сметка за детали, тие гледаат сè, па дури можат да ја почувствуваат сексуалната тензија, да ги намирисаат неразјаснетите односи и да прочитаат од вашиот израз што е она што сакате да го скриете.

Сепак, не поднесуваат кога некој им ја потценува интуицијата и се обидува да ги излаже и да ги направи дека не знаат што зборуваат или пак да ја компромитира нивната самодоверба.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...
3 хороскопски знаци кои знаат да креираат совршена врска со своите деца Овен: Ги ценат семејните вредности и кога ќе основаат семејство преземаат одгово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg