Една ваша навика поради која не сте продуктивни, според хороскопскиот знак
Вага – премногу се грижите за туѓите мислења
Вие ќе потрошите многу време барајќи идеи и совети од вашите пријатели, а за тоа време, реално сте можеле сто пати да ја завршите задачата.
Скорпија – никогаш не барате помош
Ќе направите сè за да не изгледате ранливо. Можеби ако поставите само едно прашање проблемот да се реши, но вие од срам продолжувате да се мачите со нерешени задачи.
Стрелец – мислите само на големата слика
Имате големи соништа и подготвени сте да ги остварите, но секогаш кога станува збор за ситниците, вие се сопнувате. Претпочитате да правите нешто друго, наместо да направите детална листа на задачи.
Јарец – никогаш не правите пауза
Можеби чувствувате дека сте најпродуктивната личност во просторијата, но понекогаш е потребно да се одморите. Ако правите паузи и се фокусирате на грижата за себе, ќе бидете уште попродуктивни кога ќе се вратите на работа.
Водолија – останувате „заглавени“ во секојдневните работи
Честопати не размислувате за иднината ни за тоа што би можеле да направите денес за да ги подобрите работите во следните неколку години.
Риби – премногу мечтаете
Мечтаењето може да ве спречи да се фокусирате на она што го правите во моментот или, пак, да поставите пореални цели за во иднина, па затоа не можете да бидете ни продуктивни.
М. Ѓ. | Црнобело