Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот?

kako-da-go-zadrzhite-interesot-na-partnerot-vo-vrskata-spored-horoskopot-02.jpg

Вага

Испланирајте романтична заедничка вечер во галерија или во некоја градина и бидете подготвени да се согласите со сè што ќе ви предложат.

Не го сфаќајте тоа како лажење, само на тој начин ќе успеете да ги освоите.

За да ги задржите, треба да сфатите дека тоа се луѓе што често се самосожалуваат и не се одлучни, па ќе треба да знаете да им давате комплименти, да ги помните и најмалите детали што ги споделиле со вас и да бидете тука за да им дадете совет кога не можат да донесат одлука.

Исто така, немојте да бидете премногу строги во своите очекувања, бидете подготвени да се приспособувате на нивните променливи барања во врската.

Скорпија

Ќе ги заведете со длабоки разговори за животот, смртта и сè помеѓу. Ги интересира сè што е мистериозно и интензивно, па ќе им се допадне ако почнете да ги разоткривате вашите најмрачни тајни што никој не ги знае досега.

За да ги задржите, ќе треба да бидете подготвени за нивните постојани потпрашања и да не ви биде непријатно заради тоа. Тие не ве анализираат, туку само се трудат да се осигурат дали може да ви веруваат.

Што и да правите, трудете се да не ја загубите нивната доверба. Тоа е најбрз начин за да ги загубите.

Стрелец

За да ги освоите ќе треба да бидете мошне избалансирани. Треба да бидете подготвени да им дадете простор, но и да бидете достапни за нив кога им требате.

Уште повеќе ќе им се допаднете ако знаете голем број факти за животот, или работи што никој не ги знае, а најмногу од сè ќе им се допадне ако сте независна личност која нема постојано да ги бара и да ги вознемирува.

Доколку размислувате за долга врска со нив, ќе треба да бидете подготвени постојано да одите во нови авантури и да носите спонтани одлуки.

Да знаете да испланирате патување каде што никогаш не сте биле, но и да бидете подготвени да застанете или да го промените правецот кон некое друго повозбудливо место.

Јарец

За да ги освоите треба да покажете дека сте амбициозна, стабилна и доверлива личност. Уште на првиот состанок од вас ќе очекуваат да разговарате за долгорочните планови и стратешките планови во животот.

Ќе ги импресионирате ако покажете дека сте финансиски стабилни и способни да се справите со проблемите во животот.

За да ги задржите треба да сфатите дека тоа се мошне сериозни луѓе. Со нив не треба да барате забава, туку и да им покажете дека знаете да останете лојални и посветени, па дури и тогаш кога тие ќе ја изберат кариерата пред вас.

Секогаш разговарајте за нивните лични ставови и верувања.

Водолија

За да ги освоите ќе треба да бидете подготвени за несекојдневни разговори поврзани со вашите најчудни соништа и тајните на универзумот.

Исто така, секогаш ќе треба да се трудите да не откривате премногу за себеси и да ги натерате да си претпоставуваат.

За да ги задржите потребно е постојано да ги интригирате со дискусии на секоја тема, но да имате отворени погледи за сè, без осудувања или обвинувања.

Тоа се луѓе што не знаат добро да ги искажуваат емоциите, па ќе треба да ги убедите дека сте доволно стабилни на емотивен план, и дека немате проблем со нивната „студеност“.

Со оглед на тоа што се ексцентрични, ќе треба да бидете подготвени за бизарни разговори и теории на заговор, а може вечерта да ја поминете барајќи докази дека човештвото потекнува од древна цивилизација донесена од друга планета.

Риби

Ќе ги освоите ако не се срамите да бидете премногу романтични и да им ги исполните соништата. Однесете ги на поетско читање или на некоја романтична локација, а бидете подготвени да ја слушате нивната плејлиста со музика за која најверојатно никогаш претходно не сте слушнале.

За да ги задржите ќе треба да ги убедите дека никогаш нема да се откажете од нив, без разлика што и да направат. Немојте да се плашите да бидете премногу интензивни или дека ќе ги задушите со својата грижа.

Секогаш покажувајте интерес за нивната креативна страна и имајте доверба во нивната интуиција.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg