Вашиот стил на патување и одмор според хороскопот

Сакате планина? Море? Сакате да шетате низ историски градби? И хороскопот има влијание на вашите желби за патувањето и начинот на одмор.

vasiot-stil-na-patuvanje-i-odmor-spored-horoskopot-01.jpg

Проверете како:

Овен

За припадниците на знакот Овен не постои класичен одмор во кој некој мирува, напротив. Ако нема акција, тие ќе се уморат. Некои претеруваат со активностите, па ќе прегорат. Затоа најдобро е да се релаксираат со рекреација во која нема да се напрегаат ни премногу ни премалку. Спортските содржини треба да бидат интересни со движење и предизвици. Одењето во природа исто така треба да е застапено, но не пасивно, туку во истражувачки стил. Екипата со која Овните одат на патување би требала да е иста како енго. Во спротивно, илио ќе дојде до расправии, или најпаметно е во акција да појде сам. Овенот сака да открива непознати подрачја.

Бик

Биковите сакаат да лежат, јадат, уживаат и да се бакнуваат. Што поспоро, тоа подобро. Што повеќе поттикнувања за уживање, тоа послатко. Ако аптувањето не е удобно и главно предвидливо, најдобро е да се избегнува. За да се придвижи Бикот мора да има силен мотив, а го придвижуваат страстите или можноста за добивка. Ако се заљубени, ќе тргнат на пат, но и тогаш на целта од нивното патување треба да постои сигурно одредиште каде што ги чека доволно храна и удобен кревет.

Близнаци

Близнаците целиот свој живот се во движење, па не им е никаков проблем д аотпатуваат. А ако нема луѓе, комуникација и нешто што ќе го активира нивниот бистар ум, работите бргу почнуваат да ги замараат. Нивните батерии се со краток рок, па со задоволство одат на пократки аптувања или излети кои ги обновуваат. Ако отидат подалеку и на подолго време, тоа треба да биде некое место полно со луѓе каде што ќе имаат можност да бидат она што се. Осамените места и пустинските амбиенти не ги сакаат.

Рак

Сакале да признаат или не, Раковите најдобро се релаксираат во атмосферата на својот дом. Со помош на фантазијата тука ќе создадат многу пријатно место. Кај нив е преубаво да се дојде наутро на кафе или приквечер на тераса или во двор. Кога ќе се собере друштво на блиски пријатели, опуштената забава може да потрае до длабоко во ноќта. Тивко, интимно и префинето. Ако с еодлучат да одмараат на патување, тоа  еобично поврзано со море, не сакаат бучни емста.

Лав

Каде што има луѓе и публика, таму Лавовите се чувствуваат на свој терен. Игранка и журка до зори, ако може во центарот на подиумот, нема ниту малку д аги умори, напротив. Местата „на крајот на светот“ потполно ги одбиваат, освен ако не се популарни или ако не се цел на престиж.

Девица

Овој работлив знак тешко да знае да се одмора. За да го постигне тоа доживување, повторно му треба некое хоби или занимација. Ако одите на пат во друштво со девица, подобро заборавете на класичниот одмор. Секогаш нешто ќе смисли за да ја „запосли“ екипатаоколу себе. Најчесто се работи за мало хоби или корисни учења од типот „кога сме веќе во природа, да одиме да собереме тревки според прирачникот“ или „овие камчиња би биле добри з адома“. Девицата е среќна ако нејзиниот одмор е корисен, ако нешто научи или ако донесе дома нешто што ќе може да го употреби.

Каков одмор сакаат останатите знаци откријте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg