Годишен хороскоп за 2013 – Рак

godisen-horoskop-za-2013-rak-1

Општо: Раковите ги очекува релативно мирен период. Годината ќе започне со турбуленции во друштвото, што негативно ќе влијае на вашиот однос. Ќе се двоумите околу некои ваши цели кои сте ги поставиле, па дури ќе размислувате да се откажете од нив. Меѓутоа бидете упорни и работите ќе се подобрат. Ќе го пронајдете вашиот внатрешен мир, па така мирно ќе го поминете остатокот од годината.

Работа: Ракови, вие постојано верувате дека тоа што го правите е правилно. Оваа година кога ќе ве заобиколат некои позитивни резултати, тоа може да влијае негативно и фрустрирачки. Кога ќе започне 2013та вие ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот во професионална смисла. Годишниот хороскоп покажува дека во првиот дел од годината ќе се соберат неколку професионални проблеми. Наградата ќе ја добијат оние кои вложиле многу труд и енергија во работата. Доколку не сте едни од нив, ќе ви биде доста тешко да гледате како другите се успешни. По некое време ќе се освестите зошто е тоа така и ќе почнете да размислувате како да го промените она што ви донело неуспех во животот.

godisen-horoskop-za-2013-rak-2

Љубов: На љубовното поле ве советуваме да бидете внимателни, бидејќи постои опасност да ве напушти саканата личност за која мислевте дека е онаа правата. Заради тоа посветете си малку повеќе време на себе, наместо вината да ја барате во другите. Пробајте да го најдете внатрешниот мир, а со тоа текот на останатиот дел од годината ќе се подобри. Пред крајот на годината, можна е врска која засекогаш ќе ви го промени животот.

Здравје: Што се однесува до здравјето, во текот на наредната година ќе дојде до одредени проблеми заради нерамномерната исхрана. Тоа е последица на депресивното расположение и незадоволството кое ќе го чувствувате одреден дел од годината. Тој ќе резултира со несоница и немир, меѓутоа со малку труд може брзо да го совладате.

Раковите мора да се помират дека месечината има огромно влијание на нивното расположение, па затоа за време на полната месечина се раздразливи, ненаспани, а со самото тоа шират негативна енергија. Затоа ви советуваме да обрнете внимание во тој дел од месецот и да го контролирате вашето однесување. Доколку успеете во тоа, оваа година ќе биде неверојатно успешна на секое поле.

Среќни броеви за 2013 година: 2, 10, 20, 22, 32

Среќен месец: Март

Песна која ќе ви ја одбележи годината:

Би можело да ве интересира:

Во кои месеци од годината се родени луѓето кои „живеат за драма“? Кои се најдраматичните луѓе и обожаваат да слушаат за животите на другите, дури ...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Годишен хороскоп за 2026: Вага Во текот на годината ќе имате финансиска стабилност, но сепак немојте да ризикув...
Годишен хороскоп за 2026: Овен 2026-та година ќе биде охрабрувачка за Овните на повеќе нивоа. Користете ја секо...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg