Годишен хороскоп за 2013 – Лав

godisen-horoskop-za-lav-1

Општо: Оваа година ќе биде успешна за лавовите, на работен план ќе постигнат успех уште на почетокот на годината, што позитивно ќе влијае на нив, па ќе имаат желба и да го подобрат друштвениот живот. Ќе запознаат многу нови личности и ќе создадат одреден круг на луѓе кои им одговараат на нивниот карактер. Пред крајот на годината лавовите ќе бидат задоволни поради работниот успех и ќе бидат спремни за нови дружења и љубовни врски. Не треба да се откажете од неостварените планови, бидејќи само одлучноста и упорноста може да ви помогнат да ги остварите.

Работа: Годишниот хороскоп за лав покажува дека 2013та ќе започне многу бурно. Промоции, признанија, внимание.. сите работи кои лавот ги обожува. Ваквиот вид на успех ќе продолжи во текот на целата година, што е добро. Започнувањето на нов проект или работа ќе ви донесе голем успех. Најдобар совет за 2012 е да продолжите да барате нови можности и да ги остварувате вашите цели, бидејќи во тоа ќе бидете најуспешни.

godisen-horoskop-za-lav-2

Љубов: Во оваа година љубовта ќе ве изненади позитивно. Слободните лавови може да се заљубат во некоја пријателка и единствен проблем ќе биде да не го уништат веќе постоечкото пријателство. Ве советуваме да се опуштите и да не размислувате премногу. Препуштете се на природниот тек на работите и обидете се да им посветите повеќе внимание на вашите сакани. Уште еден ситен проблем кој може да ви се појави е тоа што нема да можете да се потпрете на речиси никој, освен на самите себе. Меѓутоа, не преувеличувајте. Промената на вашите пријатели и порелаксираниот однос може да ви бидат од голема помош.

Здравје: Во текот на 2013 обрнете внимание на здравјето поради интензивниот напор кој ќе го вложувате во работата, што може да доведе до висок крвен притисок, па дури и до плоблеми со срцето. Затоа ве советуваме да ги контролирате вашите постапки и да се поштедите од напорните денови, за да не го загубите своето здравје.

Се на се, оваа година ќе ја доживеете како многу позитивна. Последна работа која ќе треба да ја направите е да го прифатите вашиот живот онаков каков што е и да ги сакате сите кои се во него.

Среќни броеви за оваа година: 7,12,18,21,36

Среќен месец: Јуни

Песна која ќе ви ја одбележи годината:

Би можело да ве интересира:

Во кои месеци од годината се родени луѓето кои „живеат за драма“? Кои се најдраматичните луѓе и обожаваат да слушаат за животите на другите, дури ...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Годишен хороскоп за 2026: Вага Во текот на годината ќе имате финансиска стабилност, но сепак немојте да ризикув...
Годишен хороскоп за 2026: Близнаци 2026 година ќе ви донесе низа проблеми, во секој аспект од животот. Ако сте синг...
Годишен хороскоп за 2026: Овен 2026-та година ќе биде охрабрувачка за Овните на повеќе нивоа. Користете ја секо...
4 хороскопски знаци кои до крајот на годината може да очекуваат огромна финансиска добивка Овни, 2026-та е голема година за вас и во што и да ги вложите парите, можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg