Годишен хороскоп за 2013 - Стрелец

godisen-horoskop-za-2013-strelec-1

Општо: Годишниот хороскоп за стрелец во текот на следната година ви носи нови личности во вашиот живот кои ќе бидат многу важни во иднина. Оваа година за вас би требало да биде преполна со изненадувања од кои некои може да бидат и помалку пријатни. Оваа 2013та година во која влегуваме и не е ваш период, па затоа можни се повеќе проблеми од различен карактер. Текот на вашата кариера и работа ќе биде немирен, ќе се соочите со голем број на проблеми, но пробајте да ги совладате негативните чувства. Едноставен совет за сите ваши инвестиции и работни проекти би бил да се оттргнете од оние поголемите влогови, бидејќи ова едноставно не е ваша година.

Љубов: Во љубовта оваа година се е можно, така што слободните стрелци може да очекуваат почеток на врска која ќе трае долго, па дури и ќе заврши со брак. Стрелците кои се веќе во врска и брак ќе имаат хармонични, пријатни односи со партнерот. Сексуалниот живот ќе зависи од вашето расположение, па немојте да дозволите некои други околности и ситуации да влијаат на овој дел од вашиот љубовен живот.

godisen-horoskop-za-2013-strelec-2

Работа: Професионалците може да очекуваат напредување на работното место и квалитетна награда за вложениот труд. Сопствениците на фирми нема да бидат задоволни од тоа како работите ќе се развиваат бидејќи нема да имаат шанса да го прошират својот бизнис.

Здравје: Позитивната работа во текот на оваа година е тоа што нема да имате здравствени проблеми, па во тој поглед ќе може да се опуштите. Доколку до сега сте страдале од некои сериозни проблеми со здравјето, оваа година конечно ќе ви донесе оправување. Најголемиот проблем кој ќе го имате со здравјето ќе бидат главоболките и пролетните алергии.

Исто така, можни се поголеми проблеми во кругот на вашето семејство, постојани кавги, посебно со вашите најблиски кои нема да ја истрпат вашата нетрпеливост. Ве советуваме да припазите на она што го зборувате и правите бидејќи многу лесно ќе можете да ги навредите најблиските.

Среќни броеви: 6, 18, 21, 32, 40

Среќен месец: Мај

Песна која ќе ви ја обележи оваа година:

Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Годината на раѓање открива што ве очекува до крајот на 2025-та - Дали ќе бидете среќник или малер? Некој ќе доживее големи промени на подобро, друг го очекува финансиски напредок....
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg