Годишен хороскоп за 2013 – Водолијa

godisen-horoskop-za-2013-godina-vodolija-1

Општо:  Во првата половина 2013та ќе биде многу поразлична за разлика од втората половина. Ќе бидете сконцентрирани на односите во семејството. Едни од најважните случувања ќе ви бидат во рамките на семејството и домот. Ќе се трудите да постигнете нешто околу што долго време се трудите, меѓутоа никако не ви оди од рака. Оваа година токму на тоа поле ќе имате позитивни резултати.

Љубов: Обидете се оваа година да ја поминете во друштво на вашите најблиски и сакани, затоа што семејството ќе ви биде најјака потпора во турбулентните случувања кои може да се случат на работното место. Оние кои не се во врска оваа година ги очекува нова, голема љубов кон средината на 2013, која веројатно е дека ќе прерасне во нешто повеќе од кратка, летна авантура. Сексуалниот живот нема драстично да ви се смени, но се помалку време ќе поминувате како “ноќна птица”. Оние кои до себе веќе ја имаат саканата личност, ќе минуваат низ мирен период и се ќе држат под контрола.

godisen-horoskop-za-2013-godina-vodolija-2

Работа: Водолиите оваа година ќе нижат само успеси, некои од нив ќе бидат финансиски, некои пак ќе се однесуваат на вашиот напредок во кариерата. Посебно треба да се фокусирате во вториот дел од годината, кога се можни работни патувања и обврски надвор од вашиот град. Ќе имате голема одговорност, но се ќе издржите ако бидете добро сконцентрирани и организирани. Избегнувајте да касните на состаноците и да бидете присутни само физички на дел од настаните поврзани со вашите работни ангажмани.

Здравје: Претежно добро ќе се држите кога станува збор за вашето здравје. При средината на оваа година можни се алергии и настинки, кои ако не ги лечите веднаш може да прераснат во нешто посериозно. Здравата исхрана и физичката активност се едни од приоритетите во оваа година.

Работно и материјално гледано, оваа година вие ќе бидете на самиот врв, а на вашите идеи нема да им се гледа крајот. Секој ваш потег во текот на 2013 година ќе биде крунисан со успех.

Среќни броеви: 1, 11, 13, 27, 36

Среќен месец: Август

Песна која ќе ви ја одбележи годината:

Би можело да ве интересира:

Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Годишен хороскоп за 2026: Стрелец 2026 година за Стрелците носи длабоки промени, освестување и нови можности, при ...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg