Годишен хороскоп за 2013 – Риби

godisen-horoskop-za-2013-ribi-1

Општо: Ве очекува бурен период на почетокот на годината. Јупитер ќе ви донесе многу работа, комуникација, кратки патувања и ќе бидете желни за нови знаења. Ќе бидете толку зафатени на секое поле, така што е добро да почнете да поставувате граници. Не можете секогаш да бидете достапни, ограничете го пристапот до вашиот мобилен, меил и не се посветувајте на работата и кога ви е предвидено време за дружба.

Љубов: Следната година нема да биде многу хармонична и позитивна, бидејќи можни се неколку ситуации во кои ќе дојдете до несогласување со партнерот, меѓутоа ако вложите доволно труд ќе ги решите. Посветете се на семејството колку што можете повеќе. За некои работи едноставно нема да може да се договорите со партнерот, па затоа ќе настануваат неколку мали, чести компликации. За оние кои не се во врска, оваа година би можела да доведе неколку личности со кои ќе влезете во доста интимни односи. Сексуалниот живот ќе ви биде во најдобар ред и во тој поглед нема да имате никакви проблеми.

godisen-horoskop-za-2013-ribi-2

Работа: Квалитетна работа и одлични односи со колегите ве очекуваат во првиот дел од годината, а многу е важно да ги послушате советите од постарите и поискусните. Постојат големи можности за напредок кога станува збор за положбата на вашето работно место.

Здравје: Добро здравје ги очекува рибите во текот на целата година, но единствениот совет е да вежбате почесто за да го одржите здравјето во најдобар ред. Внимавајте на количеството на витамин Ц и калциум, бидејќи во текот на летото ќе имате недостаток од овие два витамини.

Како што стојат работите, оваа година сигурно ќе ја запаметите како година со многу работни обврски, а со малку посиромашен друштвен живот.

Среќни бореви: 3,11,19,28,33

Среќен месец: Март

Песна која ќе ви ја одбележи оваа година:

Би можело да ве интересира:

Во кои месеци од годината се родени луѓето кои „живеат за драма“? Кои се најдраматичните луѓе и обожаваат да слушаат за животите на другите, дури ...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Годишен хороскоп за 2026: Овен 2026-та година ќе биде охрабрувачка за Овните на повеќе нивоа. Користете ја секо...
Годишен хороскоп за 2026: Вага Во текот на годината ќе имате финансиска стабилност, но сепак немојте да ризикув...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...

Најчитани неделава