Бизнис хороскоп за 2013 година

Ќе има и пари и работа, но само ако ги „засукаме ракавите“ и ги препознаеме добрите прилики. Раковите треба да соработуваат со странците, Водолиите да започнат семеен бизнис, Лавовите „ортачки“...

biznis-horoskop-za-2013-godina

Овен
Очекувајте оваа година да се изнаработите, но ќе морате и да се прилагодувате спрема околностите и луѓето. Немојте да одолговлекувате со промените кои се неопходни. Можеби ќе морате да земете некој кредит за да започнете или довршите нешто во врска со работата. Земете кредит само ако е за овие цели! Обидете се да се насочите кон работата и заработката, а на почетокот од годината можна е соработка со луѓе кои што не се од вашето место на живеење. Секако, пред вас е добра година, но може да донесе и голема загуба ако не знаете која е вашата цел и ако им позајмувате пари на другите.

Бик
На почетокот од годината, до пролет, ќе бидете нервозни поради работата. Затоа е неопходно да се фокусирате на деловните обврски за да ги завршите на најдобар можен начин. Ќе мора да вложите дополнителна енергија за да не се нервирате. Успехот доаѓа бргу, но само ако се добро испланирате. Од крајот на јануари па сè до јуни, ќе имате прилив на пари од неочекувани работи или искористени прилики. Потрудете се да соработувате повеќе со мажи, со луѓе кои не се од вашето место на живеење. Имајте во предвид дека соработката со странство ќе се подобри, но нема да биде баш најдобра до јули. Доколку се занимавате со трговија или пишување, очекувајте успех дури во втората половина од годината.

Близнаци
Можеби ќе работите некоја работа која баш и не ви се допаѓа. Оваа година не можете многу да бирате. Немојте да се нервирате ако мислите дека губите време, бидејќи подобро е да работите нешто отколку да седите дома. Ако се префорсирате на работа, може да дојде до пад на имунитетот и болести. Затоа, немојте да претеруавте. Нормално е од претеран напор човек да не биде нерасположен, но свртете се кон себе во слободното време, читајте или работете нешто што сакате. Внимавајте некој да не ви украде нешто на работа.

Рак
Немојте да се нервирате околу работата, туку работете како што мислите дека е најдобро. Од крајот на јануари многу работи ќе се придвижат, работи кои досега биле закочени, инхибирани, оние поради кои сте биле незадоволни. Придвижување очекувајте од февруари до јуни, а од јули ќе ви биде многу полесно, ќе почувствувате растеретување, па ќе можете полесно да работите. Гледајте да се поврзете со припадници на понежниот пол кои не се од вашето место на живеење, може да ви бидат од помош.

Лав
Ако сте планирале приватна работа, сега е прилика за тоа. Договорете се со семејството или пријателите, разработете заедно некоја нова работа. Ако веќе сте приватник, оваа година ќе биде успешна за вас. Само обидете се да го промените она што до сега не ви одговарало во работата, и во корен исечете ги сите спорни точки од новиот бизнис. Немојте да бидете нереални, разумот е она што се бара од вас во оваа година. Добро избалансирајте ги работата и семејните обврски.

Девица
Конечно ќе можете да здивнете и да почнете да штедите пари онака како што сте планирале. Немојте да се нервирате ако не оди сè според планот, ќе биде подобро, многу подобро отколку минатите две години кои што беа понапорни. Обидете се да го работите она што го сакате, оваа година ќе имате помалку застој од претходната. Единствено што на почетокот од годината ќе мора малку повеќе напор да вложувате за да го постигнете посакуваното, бидејќи ќе ве попречуваат во работата. Потпрете се на себе, никој друг нема да ви помогне.

Вага
Конечно ќе ви биде полесно. Од октомври ќе почувствувате промени кон подобро, па сега единствено ќе биде актуелна грижата околу парите. Не е пожелно да земете кредит, освен ако не сакате да ги вложите парите во дом. Обидете се да работите колку е можно подобро на работа, но немојте да се преоптеретуавте. Задолжително опуштајте се кога за тоа имате можност, за да бидњете поефикасни на работа. Од јули очекувајте големи подобрувања и полесна ситуација на работа. Извесно е проширување на работата или некое унапредуавње. Не откажувајте се.

Скорпија
Што се однесува до Скорпиите, пари ќе им доаѓаат од сите страни, но немојте да ги трошите на глупости. Зошто? Затоа што ќе се чувствувате по малку депресивно и сè ви е тешко, така што ако мислите дека со купување на некои работи ќе ја подобрите својата состојба, нема, тоа е сигурно. Пробајте да не се растргнувате на сите страни, да не работите премногу работи во исто време бидејќи ништо нема да сработите како што треба. Од јули ќе ви се подобри состојбата паричната состојба.

Стрелец
Што се однесува до паричната состојба, оваа година ќе мора многу да работите, но повеќе за углед, отколку за пари. Пари ќе имате, но славата сепак ќе биде најважна. Обидете се да се тргнете од злобните умови, така животот ќе ви биде полесен и посреќен. Немојте да се оптоварувате со неважни работи, внимавајте што потпишувате. Ако почетокот на годината не изгледа сјајно, од јули состојбата ќе биде подобра.

Јарец
Нема веќе толку потешкотии на работа, а и помалку се нервирате. Сега свртете се кон своите желби и планови, а во тоа многу ќе ви помогнат пријателите. Обидете се да не верувате секому и да не позајмувате пари никому. Од крајот на јуни ќе се соочите со реалноста, тогаш ќе ја снема лажната надеж.

Водолија
Убаво е што сакате да се забавувате на работа, но обидете се од тоа да извлечете некоја полза. Од јули очекувајте проширување на работата, нови прилики и зголемување на платата. Со еден збор – деловните прилики ќе процветаат! Обидете се да се насочите на една област, а семејството ќе ви биде од голема помош.

Риби
Многу изненадувања и непријатни и пријатни, поврзани со работата. Обидете се добро да се организирате. Во првата половина од годината очекувајте добри прилики, но во основа сè се сведува на ветувања. Дури во втората половина на годината ќе се реализираат плановите. Бидете позитивни и упорни. Не им верувајте на сите и не им кажувајте на сите што планирате, само на семејството.

Би можело да ве интересира:
Почнете ја работната недела со насмевкаПочнете ја работната недела со насмевка...
Почнете ја работната недела со насмевка и позитивно расположение. Насмејте се гласно, споделете со к...
8 златни правила за родители: Научете го вашето дете да не биде себично!8 златни правила за родители: Научете го вашето дете да не биде себично!...
Некаде околу третата година децата започнуваат да разбираат што значи да си сопственик на некаков пр...
Нашминкајте се за 90 секунди! (видео)Нашминкајте се за 90 секунди! (видео)...
Дури и кога поради обврските мора да истрчате од домот, па немате доволно време за да се средите, са...

Препорачано од Facebook