Какви книги сакаат хороскопските знаци?

Било да сакате да читате, или да подарувате книги, дознајте како влијаат ѕвездите на нашиот книжевен вкус. Овните не сакаат романтични приказни, Биковите можат и без книга, a Близнаците сакаат да ги купуваат.

kakvi-knigi-obozavaat-horoskopskite-znaci-1

Овен
Овните сакаат да читаат, но не по препорака, бидејќи тие самите знаат што е добро. Во секој случај сакаат забавна романтика, понекогаш саркастична. Главните ликови треба да се успешни, борбени, силни, бидејќи само како такви може да бидат прифатени од страна на Овните. Не сакаат патетика, не сакаат романтични приказни.

Бик
Романтични приказни, голема љубов, но и практични совети за подобар и поквалитетен живот, е изборот на овој знак кога се во прашање книгите. Не сакаат да губат време на негативни страни, секогаш читаат нешто конструктивно, но и класика.

Близнаци
За добар почеток на денот Близнаците повеќе сакаат да одберат весници отколку книги. Иако сакаат да читаат, мораат прво да ги слушнат сите препораки за некое дело, па дури тогаш да се фрлат на читање. Близнаците, покрај Девиците и Стрелците најмногу сакаат да купуваат книги.

Рак
Раковите сакаат патриотски книги и бајки. Поезијата исто така им е драга, но и биографиите на славните личности. Ако му подарувате книга на Рак, бидете запознаени со тоа што сака да прави, дали има хоби и во согласност со тоа одберете.

Лав
Лавовите сакаат историски романи, како и книги чии теми се општеството и власта. Книгите за принцовите, владетелите и богатството се омилено четиво за Лавовите. Блиска им е и литературата во врска со деловниот успех и сè што им ја зајакнува самодовербата.

Девица
Девиците читаат само проверена литература. Ним не можете туку така да им подарите книга. Добро се информирани пред да ја купат. Бидејќи Девицата е добро информирана, сака да прочита препорака на интернет, на форуми и искрено ќе ви каже дали некоја книга и се допаѓа или не.

Останатите 6 знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Една навика од која треба да се ослободите пред крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак Риби, голем дел од времето мечтаете и упорно бегате од проблемите. Ако сакате 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg