Додека Јупитер е во знакот на Девица: Што треба да направи секој хороскопски знак?

Планетата на проширувањето и растот на знаењето патува низ знаците на зодијакот и останува во посета по 12 месеци. Оваа година, Јупитер е во знакот Девица, а во оваа позиција спротивставените енергии на овие две планети се спротивставени и во совршен баланс.

dodeka-jupiter-e-vo-znakot-na-devica-shto-treba-da-napravi-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Девицата е перфекционистот меѓу знаците и една од нејзините сили е да анализира детално, за ништо да не пропушти. Јупитер повеќе е фокусиран на поголемата слика и резултатот, па деталите може да ги изостави.

Најдобар начин да функционирате со енергијата на Јупитер е да си поставите цели и да ги испраќате своите мисли во универзумот, важно е да се фокусирате на она што го сакате во животот.


Овен

Вашата работа сега може да се забрза, а се што ви треба е организираност со посебна посветеност. Вашиот ум е пренатрупан со идеи како да напредувате на професионален план, меѓутоа за успех, морате да се фокусирате само на една работа. Сите цели поделете ги на помали потточки и така сè ќе можете да постигнете.


Бик

Можете да го контролирате вашиот живот и да го направите она што сте посакувале да го направите. Ова е креативно време кога можете да се насочите на остварување на вашите соништа. Сте биле фокусирани на семејството, а сега време е да ја фокусирате енергијата на вас и да направите нешто добро за себе. Тешкотиите можете да ги оставите во минатото и да уживате.


Близнаци

На вашиот радар повеќе се изразени домот и семејството, па важно е да се поврзете со луѓето околу вас и да ги вметнете во вашиот потесен круг на блиски. Фокусирајте се на својот приватен живот и престанете да живеете за работата. Јупитеровата енергија во комбинација со Девицата ќе ви помогне да размислувате логички, а не емоционално.


Рак

Јупитер е во вашата трета куќа и ви помага да се фокусирате на учењето и усовршувањето на знаењата во областите кои ве интересираат и кои директно влијаат на вашата кариера. Девицата ќе го прави вашиот ум остар и лесно ќе можете да се фокусирате. Очекувајте повеќе патувања и бидете во интеракција со нови и интересни луѓе.


Лав

Стекнувањето на богатство е доста важна работа за Лавовите, а Јупитер кој е во вашата втора куќа е позициониран токму за исполнување на оваа желба. Постојат само неколку работи кои треба да ги земете предвид. Потребно е да ги согледате вашите вредности и да се насочите на целите за да ги остварите можностите кои доаѓаат со животните предизвици.


Девица

Со Јупитер во вашиот знак, вашата среќа сè повеќе се зголемува. Можете да очекувате патувања, а и работењето во странство е сосема можно. Препуштете се на авантурите кои ќе ви го променат животот од корен. Вашите граници ќе се придвижат и вашиот спиритуален дел ќе ви покаже за што сè сте способни. Ќе имате многу успеси.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Една работа со која секој хороскопски знак ги нервира луѓето околу себе Рибите се најчувствителни од сите хороскопски знаци. Па, ако кажете нешто што не...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg