Како да ја најдете вистинската љубов? 2 хороскопски знаци со кои совршено си одговарате

kako-da-ja-najdete-vistinskata-ljubov-2-horoskopski-znaci-so-koi-sovrseno-si-odgovarate-02.jpg

Вага

Вагите се вечни романтичари, идеалисти и полни со нежност. Партнерот на вагата мора да има разбирање за нивната постојана потреба за сигурност и хармонија. Да бидеш со Вага значи секогаш да бидеш заљубен.

Вагите целиот свој живот ги бараат принцовите и принцезите, па лесно може да се разочараат и при најситна грешка. Бараат перфекција, силен и стабилен партнер, но затоа за возврат се лојални до крај.

Идеални партнери:

Лав - Лавот и Вагата се вечни романтичари и подготвени за врски кои во 90% од случаите завршуваат со брак. Ако направат доволно добар баланс меѓу интимниот јавен живот, можат да бидат најсреќниот пар во Зодијакот.

Стрелец - Фантастично романтична комбинација во која може да имате апсолутно се - дискусии, патувања, авантури, луди доживувања. Затоа што Стрелецот и Вагата се со немирен дух, во оваа динамична врска ќе уживаат и двете страни. Единствен проблем може да биде желбата за доминација.

Скорпија

Скорпијата е сензуална, страствена и полна со духовитост. Фатално се привлечни и мистериозни. Скорпиите се емотивни и ранливи, но вешто се кријат. Си поставуваат високи цели и понекогаш знаат да делуваат дека се без емоции.

За Скорпиите довербата е основа на секоја врска. Ако ги сфаќате и прифатите онакви какви што се, ќе уживате секој ден.

Идеални партнери:

Девица - Девиците за Скорпиите се неодоливи затоа што не се лесен плен. И Скорпиите, без разлика на предрасудите можат да бидат емотивни и нежни. Сепак, Девиците би требало да останат по малку мистериозни за да не го загубат интересот на Скорпиите.

Јарец - Ова е врска на двете најамбициозни личности. Како моќни индивидуи, во врската постојано ќе ја мерат својата сила. Се додека се искрени еден кон друг, моќта на овие партнери ќе биде се посилна и посилна, исто како нивната љубов и почит.

Стрелец

Живото на Стрелците никогаш не е досаден. Во љубовта се независни и слободни, секогаш во друштво на пријатели. Им одговараат неформалните дружења. Долг е процесот додека го натерате Стрелецот да се заинтересира за некој, затоа што не донесува лесни одлуки кога се работи за љубов.

Ако сепак влезете во врска со Стрелец, љубовта и лојалноста се најубавите подароци кои можете да им ги дадете.

Идеални партнери:

Вага - Вагата сака брак и семеен живот, но воопшто не и е тешко да го увери неверниот Стрелец дека бракот не е робија, туку може да биде возбудлив. Во оваа врска никогаш не се знае кој е победник и доминантен, а тоа го прави односот позабавен.

Водолија - Ова е најкомпатибилниот пар во Зодијакот. Тие толку добро се разбираат, што уживаат кога молчат. Кога Стрелецот и Водолијата ќе се спојат настанува магија. Се поврзуваат на секое ниво.

Јарец

Јарците се полни со страст и се прават самоиницијативно. Нивното мото е „љубовта е се на овој свет“, а кога веруваат дека некоја врска е вистинската, се предаваат без двоумење. Практични се, а кога донесуваат љубовни одлуки, добро размислуваат затоа што не сакаат да се каат.

Јарците уживаат во убавината и префинетоста, а романтичари стануваат после неколку чаши вино. Нивната страст се музиката, уметноста и љубовта. Одлични се во организирање на времето, па со нив никогаш нема да го имате проблемот „немам време да се видиме“.

Идеални партнери:

Скорпија - Јарците секогаш сакаат да ги држат работите под контрола и добро ги контролираат емоциите. Слаби се на Скорпиите, на нивниот физички и ментален потенцијал. Тоа може да предизвика магнетска привлечност. И двата знаци се свесни колку вредат и сакаат максимално да го искористат потенцијалот на другиот без да се кријат.

Риби - Оваа романса може да трае долго, но со постојани успеси и падови. Јарците се чесни, сигурни, умерени и сериозни, се она што Рибите бараат. Не простуваат неверство колку и да ве сакаат.

Водолија

Ако сакате да бидете во врска со Водолија, ќе морате да ја делите нејзината желба за авантура затоа што не поднесува ограничувања. Ако Водолијата влезе во вашиот живот, очекувајте цел нов спектар на емоции.

Емотивни се и не ги разбираат луѓето кои бегаат од љубов. Своето срце го даваат лесно и искрено, па често се прелажуваат и влегуваат во непотребни ризици. Посветени се да ја достигнат љубовната совршеност која ја имаат зацртано во главата.

Идеални партнери:

Овен - Оваа врска може да успее единствено ако се темели на доверба, искреност и внимание. Препрека може да биде постојаната желба и на Овенот и на Водолијата постојано да бидат со нови, различни луѓе.

Стрелец - Еден од најдобрите парови. Стрелецот и Водолијата одлично се разбираат, се зближуваат од ден на ден, па им се смешка добра и стабилна иднина. И двајцата се слободоумни авантуристи кои сонуваат за бесконечна љубов.

Риби

Рибите во љубовта сакаат да се слободни, па не поднесуваат рестрикции. На почетокот може да ви делуваат далечни и студени, додека размислуваат дали им одговарате или не. Со Рибите треба само да сте итри и упорни. Среќни се кога ќе сфатат дека ви се вовлекле под кожа.

На нив мора да им се дадете без резерва, а ако имате желба врската да успее, мора да научите се да споделувате. Вашите интереси треба да станат заеднички ако сакате да останете едно.

Идеални партнери:

Јарец - Нежните Риби се одличен избор за Јарците кои преку нив може да ја ослободат својата личност, а истовремено да бидат и сакани и супериорни. Рибите се во потрага по нежност, а единствениот проблем може да настане кога Јарците нема да можат да им ја овозможат. Но, кога има љубов сите препреки се надминливи.

Бик - Два знаци кои точно знаат што им е потребно. Биковите сакаат мирен и тивок живот, додека на Рибите им е потребен силен и стабилен партнер кој може да им понуди емотивна и материјална стабилност. Заедно може да создадат хармоничен свет, сосема спротивен на хаотичното секојдневие.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Каков ви е односот со вашата мајка, според нејзиниот хороскопски знак? Мајката родена во знакот Бик постојано ќе ви нуди вкусни оброци вам, но и на ваш...
4 хороскопски знаци кои важат за најголеми срцекршачи Овните се страсни личности и авантуристи, но понекогаш може да пр...
Една причина поради која секој хороскопски знак ќе ви го скрши срцето На Близнаците лесно им здосадува сè, па ако деновите со вас им се исти и монотон...
4 хороскопски знаци кои самите си ја потценуваат интелигенцијата Јарци, вие сте можеби најинтелигентниот знак во Зодијакот, но самите не се гледа...
Хороскопски знаци што го менуваат односот со партнерот (и бегаат) веднаш по сексот (18+) Стрелецот ќе почне да ги избегнува повиците и да ве игнорира, а Скорпијата целос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg