Хороскоп:На какво кафе паѓате

Знаеме дека љубовта доаѓа од желудникот, но ако не сте голем гурман, а фантазијата ви е како исушено гранче, обидете се за заведување да го искористите кафето. Дознајте каков вкус сакаат чувствителните Ракови, острите Лавови или нежните Риби.

horoskop-na-kakvo-kafe-pagjate-01.jpg

1. Авантуристичките Овни секогаш се во движење. Нивниот немирен дух е подготвен за качување на високи планини и пешачење по козји патеки. Каков дух – таков вкус. Богат вкус на кафе ќе ги собори од нозе. Подгответе силно кафе со беспрекорен мирис.

2. Кога ќе пронајдат вкус кој им се допаѓа, тврдоглавите Бикови му остануваат верни. Гурманските кралеви на хороскопот преферираат кафе кое е подготвено без пестициди, хербициди или вештачко ѓубриво како видовите од Гватемала. Епа, тргнете во потрага.

3. По природа инаетчивите Близнаци, еден ден сакаат еден вкус, а наредниот друг вкус на кафе. Нервозни и по малку лесноумни, сакаат и слабо и силно кафе, и први би го пробале новото на пазарот. Светски познатото кафе од Нова Гвинеја би ги заинтригирало барем на неколку дена.

4. Раковите ќе одберат кафе без кофеин, за да не го трошат вишокот на енергија без потребно и непромислено. Едноставно – со Раковите ви е потребен многу труд. Само нека е миризливо и со повеќе шеќер.

5. Први кои ќе го пробаат најновото еспресо и ќе научат сè за неговата подготовка дефинитивно се Лавовите. Дома имаат апарат за кафе на кој се усовршуваат и подготвуваат совршена пена. Ако бидете подобри од нив, заведувањето ќе биде успешно.

6. Конзервативните Девици се верни на традиционалниот и проверен вкус на колумбиско кафе. Ако имате намера да ја изненадите со некое егзотично зрно – не губете време бадијала.

Какво кафе сакаат останатите знаци, откријте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg