Љубовен хороскоп за март 2022: Ваги – врска без обврски, Водолии – обвинувања заради афера со зафатена личност

ljuboven-horoskop-za-mart-2022-vagi-vrska-bez-obvrski-vodolii-obvinuvanja-zaradi-afera-so-zafatena-lichnost-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот ќе имате повеќе излегувања, забави и активности во кои ќе се обидувате да поминувате што е можно повеќе време со партнерот. Засилените емоции меѓу вас ја прават вашата врска поцврста и ќе почнете да се потпирате еден на друг во тешките мигови. Во втората половина на месецот можни се расправии околу финансиите, а дури кон крајот на месецот ќе постигнете компромис и ќе се посветите на остварувањето на заедничките цели.

Ако сте слободни:

На забава/прослава или друг настан ќе запознаете некоја личност што во голема мера ќе се разликува од сите други луѓе што ги познавате. Најверојатно ќе започнете врска без обврски, што ќе ви донесе голем број нови искуства. Особено ќе ви пречи тоа што таа личност си дава премногу слобода во врската, што ќе мора да го надминете доколку сакате таа врска да потрае.

Скорпија

Ако сте во врска:

Мотивирани сте да внесете промени во односот со партнерот и да го подобрите заедничкиот простор, а можете да очекувате и подобрување на односите во првата половина од месецот. Втората половина на месецот можни се ненадејни несогласувања со партнерот што ќе ви замери дека повеќе време поминувате со пријателите. Очекувајте нештата да се подобрат при крајот на месецот.

Ако сте слободни:

Во првата половина од месецот ќе запознаете нова личност што ќе ве привлече со своите слободни и современи сфаќања, а која ќе ви обрне поголемо внимание. Сепак иако вие сте подготвени за сериозна врска, набрзо ќе сфатите дека новиот партнер не е подготвен за тоа, туку ќе сака да се гледате без обврски. Најверојатно ќе одлучите и покрај тоа да останете со таа личност и да го натерате да посака да влезе во врска. Повозрасните можно е да започнат врска со разведена личност.

Стрелец

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот можно е да му се доверите на партнерот за некои работи за кои вообичаено молчите, поради што саканата личност ќе добие поголема доверба во вас. Во втората половина од месецот ќе внесете некои новитети во врската, а можно е да направите промени и во животниот простор. Ќе поминувате повеќе време заедно и интуитивно ќе ги чувствувате потребите на саканата личност.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот можно е ново познанство со некоја личност со која имате слични мислења и ставови и со која ќе можете да говорите на голем број теми. Во втората половина на месецот можно е тоа пријателство да прерасне во сериозна љубовна врска што ќе ве прави исполнети. Повозрасните можно е да влезат во некоја краткотрајна авантура.

Јарец

Ако сте во врска:

Тоа што ќе настапувате со повеќе внимание кон партнерот и ќе имате повеќе доверба во него само ќе ви помогне повеќе да ја зацврстите врската. Во втората половина на март ќе имате повеќе време за интимни моменти со саканата личност и лесно и брзо ќе се договарате и ќе ги исполнувате сопствените ветувања.

Ако сте слободни:

Слободните Јарци месецов најверојатно ќе запознаат некоја личност што ќе ги привлече со својата оригиналност, идеите и ставовите и која се разликува од голем број луѓе што ги познаваат. Иако чувствата ќе бидат обострани, најверојатно за кратко време ќе станете блиски пријатели, но нема да започнете сериозна емотивна врска, туку ќе останете во врска без обврска.

Водолија

Ако сте во врска:

Овој месец ќе сакате да внесете нешто ново во просторот што го делите со партнерот, па ќе почнете некои заеднички проекти што ќе ви овозможат да поминувате повеќе време заедно. Во втората половина од месецот ќе успеете да исполните некоја голема желба на партнерот што ќе ви донесе поголема блискост и доверба во врската.

Ако сте слободни:

Подолго време со некоја личност се гледате во тајност и ќе посакате врската да стане официјална. Најверојатно кон средината на месецот желбата ќе ви се исполни. Сепак оваа врска може да ви донесе проблеми затоа што партнерот, најверојатно претходно ќе треба да прекине некоја друга врска заради вас и ќе бидете осудувани од околината заради тоа.

Риби

Ако сте во врска:

Во првата половина од месецот ќе поминувате повеќе време со партнерот и тоа ќе ви донесе подобро разбирање и поголема доверба. Партнерот ќе почне повеќе да се потпира на вас. Во втората половина од месецот ќе имате повеќе сериозни разговори за идните планови и двајцата ќе бидете посветени на подобрување на меѓусебните односи во врската.

Ако сте слободни:

Март ќе ви донесе врска со некоја повозрасна личност. Многу веројатно е да имате некоја афера или тајна врска, но ќе имате чувство дека сте ја запознале сопствената сродна душа и можно е стапување и во посериозна врска. Повозрасните претставници на знакот ќе запознаат некоја личност што ќе им посвети поголемо внимание и во која ќе имаат голема доверба, а подоцна тие чувства ќе се развијат во љубов.



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за ноември 2023: Близнаци – ќе ве освои некој странец, Девици – бившата љубов ќе ви... Бик - Подготвени сте на многу работи за кои воопшто не сте сметале дека некогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg