Најфасцинантните градби на кои човештвото работи во моментов

Секоја година има по неколку десетици планови „од иднината“ на кои човештвото работи. Повеќето ќе ве натераат да се чувствувате како да сте отпатувале во времето.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-001.jpg

Ова се 11-те на кои моментално најактивно се работи:

1. The Cobra Towers

Двете кули во форма на преплетени кобри треба да се изградат во Кувајт. Нивната изградба беше предвидена да започне уште во 2008-ма година, но беше ставена во мирување заради финансиската криза. Едно од интересните прашања наметнато при проектирањето на градбата беше како да се направат лифтови кои ќе се движат низ спирална структура.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-01.jpg


2. Kingdom Tower

Кулата на Кралството која после завршувањето ќе биде повисока и од Бурџ Калифа (моментално највисоката зграда во светот), се гради во Саудиска Арабија. Предвидено е да содржи деловни простории, луксузни апартмани, опсерваторија, хотел и највисока платформа за набљудување. Согласно плановите изградбата треба да заврши до 2019-та година.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-02.jpg


3. Shanghai Tower

Изградбата на оваа 121-катна кула е започната во 1993-та, а е завршена оваа година. Иако сè работи на нејзино внатрешно доопремување, погледот од врвот е спектакуларен. За тоа треба да им се заблагодариме на двајцата руски зависници од адреналин кои минатата година незаконски влегоа во зградата и направија извонредни фотографии од врвот.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-03.jpg


4. Dubai Pearl

Меѓу планирањето на најголемиот трговски центар и највисоката зграда на светот, некој во Дубаи решил дека земјата мора да има и барем една луксузна зграда која која ќе наликува на вообичаена станбена зграда. Овој „град во градот“ ќе биде составен од четири згради кои ќе бидат поврзани со мост на самиот врв, а ќе вклучува и театар со капацитет од 1.800 посетители.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-04.jpg


5. Agora Garden Tower

Неговата изградба треба да започне веќе со почетокот на следната година. Станува збор за проект кој ќе претставува симбиоза меѓу човештвото и природата. Извртената градба треба да биде еколошка во секоја смисла на зборот: секој балкон ќе има сопствена градина, предведено е користење на сончевата енергија и рециклирање на дождовната вода.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-05.jpg


6. World One Tower

Со предвидените 117 ката оваа зграда би требало да стане најголемата станбена зграда во светот. Исто така ќе претставува и највисока градба во градот Мумбаи. Предвидено е да содржи 300 луксузни апартмани дизајнирани од познатиот Џорџо Армани.

najfascinantnite-gradbi-na-koi-coveshtvoto-raboti-vo-momentov-06.jpg

Уште 5 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg