Поранешни живеалишта на вештерки или обични згради: 11 објекти ширум светот со најстрашен изглед

„Bank of America“ - Далас, Тексас

Седиштето на „Bank of America“ во Далас, Тексас, многу често изгледа како база на лоши сајбер-злобници. Но, кога овие неонски зелени светла се во друга боја, седишето на банката изгледа за нијанса помалку страшно.

poraneshni-zivealishta-na-vesterki-i-vrkolaci-iliobichni-funkcionalni-objekti-koi-11-objekti-imaat-najzloben-izgled-9.jpg

„Федерацијата на државни индустрии“ - Сао Паоло

Зградата на Федерацијата на државни индустрии на Сао Паоло, покрај тоа што изгледа како седиште на некоја владина агенција која сака да ги знае сите ваши тајни, таа всушност е дизајнирана на овој начин со цел да претставува еден вид амајлија која ќе ги штити работниците.

poraneshni-zivealishta-na-vesterki-i-vrkolaci-iliobichni-funkcionalni-objekti-koi-11-objekti-imaat-najzloben-izgled-10.jpg

„Digital Beijing Building“ - Пекинг, Кина

Оваа масивна зграда во Пекинг на одреден начин изгледа како фабрика која произведува терминатори или уште подобро како некој сервис-комплекс, кој ги контролира терминаторите.

Во секој случај не личи на ништо што е добро за продолжување на човечкиот вид.,

poraneshni-zivealishta-na-vesterki-i-vrkolaci-iliobichni-funkcionalni-objekti-koi-11-objekti-imaat-najzloben-izgled-11.jpg

„33 Thomas St.“ - Њујорк

Самото тоа што оваа зграда нема прозорци, веднаш асоцира на страв и недоверба. Зграда без прозорци ги спречува луѓето однадвор да видат што се случува во самиот објект, додека пак оние кои се внатре немаат реална слика за она што се случува надвор во градот.

poraneshni-zivealishta-na-vesterki-i-vrkolaci-iliobichni-funkcionalni-objekti-koi-11-objekti-imaat-najzloben-izgled-12.jpg

Студентски дом „Гоце Делчев“ – Скопје, Македонија

Студентскиот  дом „Гоце Делчев“ е изграден во периодот 1969-1970 година, во период по земјотресот кога архитектурата во Скопје била во подем.

Популарен стил во тој период бил модернизмот со посебен акцент на бетонскиот брутализам. Овој стил се карактеризира по тоа што се одразува со груби геометриски теми, студени бои и бетон.

Идејата на вака издефинираниот изглед на студентскиот дом била да го прикаже животот на студентите и нивните посебни „драматични“ студентски моменти.

poraneshni-zivealishta-na-vesterki-i-vrkolaci-iliobichni-funkcionalni-objekti-koi-11-objekti-imaat-najzloben-izgled-13.JPG

С. У. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
„Ги најдов цртежите со фустани на баба ми од 1940-тите и сошив такви креации – магични се“ Девојка од САД изгледа како Пепелашка откако ги сошила романтичните креации кои ...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg