Реалистични и морничави верзии на најпознатите анимирани ликови (фото)
Јан Бланко е 24-годишен 3Д артист од Бразил, и тој е уметник кој не се плаши да го искористи хоророт во неговите дела.
Јан ги трансформира најпознатите анимирани херои во морничави реалистични 3Д ликови, кои изгледаат како да излегле од хорор филм.
Артистот ја започнал кариерата како илустратор уште во детството, а додека да стане тинејџер, знаел дека ќе сака да работи со дигитална уметност. Но, во 2014-та година ја открил 3Д уметноста и почнал да изучува сè за неа.
После многу труд и многу лични проекти, тој добил понуда од компанијата Techno Image да се пресели во Сао Паоло и да работи за нив.
Покрај анимираните херои, Јан прави реалистични 3Д трансформации и на најобични нешта, како моркови и дрва, на кои им дава човечки карактеристики.
Па ако сте љубители на морничавата уметност и ве интересира како би изгледале најпознатите анимирани ликови во реалноста, делата на Јан се совршени за вас.