Спонзорушите во Скопје

sponzorusite-vo-skopje-1

Да, Скопје е убаво и си го сакаме со сите добри и лоши страни. Да, сите се сеќаваат на добрите убави времиња кога постоело Корзо, се работело до сабајле, имало двајца тројца мангупи кои сите ги знаеле и се собирале пред Ванила.

Но, новите генерации (а, и ние) денес живееме во малку поинакво Скопје. Кога ќе ги прашам другарите како си поминале минатата вечер во град, често знаат да кажат – „Абе све курви и спонзоруши се низ град!“.

Што се случува со Скопје? Од каде ли „никнуваат“ овие спонзоруши?

Се зборува дека ги има неколку типови:

sponzorusite-vo-skopje-2

Првиот тип се оние спонзоруши што не можеш да ги промашиш во диско. Упицани и стегнати во евтина копија од некој бренд, газот и градите на виделина и висат на шанк или околу сепарињата. Тегнат по едно мартини цела вечер и чекаат да се појави „принцот на бел коњ“ што ќе им фрли две три тури, за потоа да му се залепат на него и цело друштво, да се гагаат цела вечер и да ги однесат до дома.

Вториот тип се оние девојки кои се на студии во Скопје, работат во Скопје или не прават ништо освен што ловат некој лесен плен што ќе го омажат и ќе му се уселат пред да каже „А“. Овие тактички сакаат да преспиваат кај дечкото, полека си оставаат четка за заби, чешел, крема за лице, розевите папучи и пижами...се додека сосе сите партали не си се удомат. Овие најчесто добро се снаоѓаат – не јадат во студентска менза пошто ги шетаат по елитни ресторани, не се возат со автобус пошто најчесто си добиваат и кола. Ако е студентка, на испит често влегува со деколтето на тацна и излегува со 10ка. Ја посетува и канцеларијата на шефот за да напредува побрзо.

Третиот тип се оние очајни во потрага по внимание и кеш. Уживаат во друштво на вратари во дискотеки и на скопските багабонти. Се движат така гордо – мислиш го освоиле Скопје. Патат за внимание па ќе ги видиш како се местат кога доаѓаат фотографите од забавни сајтови. Седат по сепариња со газди, менаџери, се смеат гласно за да не ги промашиш, се движат исклучиво во „ВИП“ деловите од клубовите. Одат на шопинг исклучиво во Солун. Ако им фрли некој паричка наводно и во Милано.

Четвртиот најзагрижувачки вид се машките спонзоруши. Ја начекал татина миленичка, пуна кеш, вози некое опасно ауто кое нормално он почнува да и го зима (да го позајмува, а по некое време да си го присвои). Сето ова од љубов. Таа му ја дава картичката за да оди во шопинг,  му пушта бакшиш за да искочи со другарите, го носи на фенси настани и го манипулира како попче. Важно е дека он е главен кога се шета покрај неа.

Скопските спонзоруши не бираат по возраст, ниту по изглед. Секој богат дедо им е прилика. И глупо и сакато – не е битно.

Ги очекуваме да споделите со нас во коментарите останатите видови спонзоруши.

Би можело да ве интересира:

За мене Скопје е... мирисот на липи во јуни Скопје е токму ова – мирисот на липа во јуни. Благата арома ги надразнува сетила...
Заради местата и луѓето кои ми се драги: Зошто го сакам Скопје? Скопје го сакам најмногу заради спомените и среќните мигови поминати во него и о...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Вкусот на Скопје: 10-ка со кромид кај Жабарот, еклери и боза во Апче Бурек и банички, варени ѓевречиња, ребро на скара и 10-ка со кромид, хамбургер с...
„Домашно подготвените торти на мајка ми и денес ме прават горд - фотки од моите стари албуми“ Секогаш имав интересни желби за тоа како сакам да ми изгледа тортата, па најчест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg