Мудра приказна: Белата и црната кутија

Некогаш одамна, живеел некој многу сиромашен човек што имал само еден син со кој бил многу пиврзан. Го научил да чита и да пишyва, а во тоа време, ретки биле тие што знаеле да читаат и пишyваат.

mudra-prikazna-belata-i-crnata-kutija

На денот пред да си умре, старецот го повикал синот и му дал две мали кутии – една бела и една врна, и му рекол:

- За жал, синко, немам ништо друго да ти оставам освен овие две кyтии. Кога ќе ти биде многу тешко во животот, кога ќе мислиш дека повеќе не можеш да издржиш, отворија белата кyтија, а црната отвори ја тогаш кога ќе ти биде добро во животот.

Младото момче достојно го испратило татка си, го спакувал она малку што го поседувал и тргнал по работа во белиот свет и во потрага по сопствената среќа. Работел секакви работи, спиел под отворено небо, но ништо не му останувало и никако не можел да се спастри на едно место.

Со тек на време станал многу уморен и очаен. Го печело сонцето, го тресел студот, го носеле водите. Рацете му огрубеле, лицето му се наполнило со брчки. Не можејќи повеќе да издржи, решил да се убие. Легнал на земјата, ги склопил  рацете да му се помоли на Бога, и тoгаш од под појасот, зашиени за пантолоните, ги осетил двете мали кyтии што му ги дал татко му и се потсетил на татковите зборови: 

„Кога ќе ти биде најтешко во животот и кога ќе мислиш дека повеќе не можеш да издржиш, отворија белата кyтија“.

Ја отворил белата кyтија, и од неа, извадил оризова хартија на која пишувало:

ОВА ЌЕ ПОМИНЕ!

Момчето тогаш ја разбрало пораката. Се предомислил и прибрал со мислите, станал и тргнал кон најблискиот град. Таму, пред големите порти на градот, стоел насобран многу народ, многу луѓе кои не можеле да влезат внатре, бидејќи никој од нив не знаел да прочита што пишyва на вратата.

Момчето се доближило до портата, ја прочитал на глас пораката и поминале. По него поминала и останатата група на луѓе. Неколку денови лyтал низ градот, барајќи работа, кога му пришол некој човек:

- На мојот газда му треба писар. Селаните ми рекоа дека си знаел да читаш и да пишуваш.

Така момчето добило работа како градски писар. Работело вредно и чесно, но многу напорно. Со тек на време станал познат и признат писар. Се стекнал со имот, се оженил со млада и убава девојка со која создал свое семејство. Станал навистина среќен човек.

И тогаш се сетил на својот татко, и на двете кутии. Ја извадил црната кутија. Во неа, повторно ливче, со ракописот од татко му:

И ова ќе помине!

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg