Што сте вие: морков, јајце или кафе?

Нејзиниот татко бил готвач. Еден ден ја земал со себе во кујната, зел три лонци, ги наполнил со вода и ги ставил на шпоретот. За кратко време водата во лонците почнала да врие.

sto-ste-vie-morkov-jajce-ili-kafe

Во првиот лонец ставил морков, во вториот јајце, а во третиот неколку зрна кафе. Ги оставил така да се варат некое време, а потоа ги извадил од водата и ги ставил на маса морковот, јајцето и зрната кафе. Ја погледнал ќерката и ја прашал што гледа пред неа.

- Гледам морков, јајце и зрна кафе – одговорила таа.

Побарал од неа да го допре морковот и таа го допрела па почувствувала колку е мек и ронлив. Побарал да го земе јајцето во раце, го излупила и видела како внатре јајцето е тврдо варено. И рекол да ги допре зрната кафе и таа ги зела во рацете, видела дека се тврди, ги помирисала и се насмевнала од пријатната миризба.

-Но, што значи ова татко? – го прашала девојката.

- Еххх, ќерко драга... тоа значи дека морковот, јајцето и зрната кафе поминаа низ една иста ситуација, борејќи се со еден ист непријател – водата што врие, но секој од нив, на различен начин му се спротивставува на непријателот.
Морковот беше тврд и силен, но многу брзо ослабе и омекна во водата што врие. Јајцето беше заштитено со лушпата, но не за долго. Во врелата вода од течна се претвори во тврда состојба. Додека кафето пак, сосема е поинакво. Зрната останаа сосема исти како и на почетокот, но успеа да ја промени водата што врие! 

А, ти ќерко?

- Дали си морков, навидум цврста, силна, но штом наидеш на проблеми и потешкотии во животот, слабееш, ја губиш силата?

- Или си јајце можеби, со меко срце кое кога наидува на проблеми, станува тврдо? Твојата надворешност не се менува, но се менува твојата внатрешност така што срцето ти станува тврдо, горко и ровито?

- Или пак можеби си кафе, кое при извор на болки, ја менува водата што врие, ја прави повкусна и дава пријатна арома?

Размисли ќерко моја, како ќе се соочуваш со животните проблеми и тешкотиите на овој свет... како морковот, јајцето или зрната кафе?

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg