Детски одговори за бракот

Кога ќе ги запрашате кога и како тие планираат да се омажат, може да слушнете сешто, па на прв поглед ќе ви делува будалесто. Но, ако подобро размислите нивните теории секогаш се точни и покомплицирани отколку што изгледаат.

detski-odgovori-za-brakot-01

Како одлучувате дека ќе се омажите/ожените?

- Мора да најдете некој што ќе ги сака истите работи како и вие. На пример, ако вие сакате спорт, жената би требало да го сака истиот спорт и секогаш треба да ве нуди со чипс и пиво за време на натпреварот кој го гледате заедно. - Алан, 10

- Ниту една личност не знае со кој ќе биде во брак пред да порасне. Господ одлучува и кога ќе пораснеш, тогаш откриваш со кого ќе бидеш заглавен цел живот. - Кристен, 10

Која е вистинската возраст за брак?

- 23 се најдобрите години за брак, затоа што тогаш ја знаеш личноста отсекогаш! - Камил, 10

- Ниту една возраст не е добра за брак. Треба да си будала за да стапиш во брак. - Фреди, 6

Како еден странец може да препознае дали двајца се во брак?

- Можеби ќе треба да погодувате, базирано на тоа дали им викаат на истите деца. - Дерик, 8

Што имаат заедничко твоите мајка и татко?

- И двајцата не сакаат повеќе деца. - Лори, 8

Што повеќето луѓе прават на љубовен состанок?

- Состаноците се за забава и луѓето би требало да се запознаат. Дури и момчињата ќе имаат што да кажат, ако слушаш доволно долго. - Линет, 8

- На првиот состанок луѓето обично си кажуваат многу лаги и тоа всушност им е интересно, па договараат и втор состанок. - Мартин, 10

Што ќе направиш ако некој состанок е тотална катастрофа?

- Ќе одам дома и ќе се преправам дека сум мртов. Следниот ден ќе им се јавам на весниците и ќе ги прашам дали ја објавиле мојата смрт. - Крег, 9

Кога е во ред да бакнеш некој?

- Кога тој е богат. - Пем, 7

- Законот кажува дека за тоа треба да имаш 18 години, па не би требало да си играш со тоа. - Курт, 7

- Правилото е вакво: Ако бакнеш некој, треба да се земеш со него и да имаш деца. - Хауард, 8

Подобро е да си сам или во брак?

- Не знам што е подобро, но ќе ви кажам една работа. Никогаш не сакам да водам љубов со мојата жена. Не сакам да стане дебела потоа. - Теодор, 8

- За девојките е подобро да бидат сами, но не и за момчињата. На нив им треба некој што ќе чисти по нив. - Анита, 9

Како би изгледал светот ако луѓето не би биле во брак?

- Би имало премногу работи за објаснување на децата, зарем не? - Келвин, 8

Како се одржува бракот среќен?

- И кажуваш на твојата жена дека изгледа прекрасно, и покрај тоа што изгледа како да ја прегазил камион. - Рики, 10

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg