Писмото на еден збунет маж

Јас всушност никогаш не разбрав зошто сексуалните потреби на мажите и жените толку се разликуваат.

pismoto-na-eden-maz

Исто така никогаш не сфатив зошто мажите размилислуваат со главата, а жените со срцето. И на крајот, никогаш не сфатив зошто генот на сексуалната желба толку ослабнува откако ќе го слушне судбоносното „Да“.

На пример:

Една вечер, минатата недела, мојата жена и јас бевме во кревет.

Страста почна да се разгорува... кога таа одеднаш рече:

Не можам сега, не сум расположена....

- Би сакала само малку да ме држиш во твојата прегратка.

И реков:

- Молам??

- Што е тоа па сега?

И тогаш таа ги кажа зборовите од кои се плаши секој маж на планетава:

Ти едноставно не ги разбираш моите емоционални потреби што ги имам како жена, за да ги задоволам твоите физички потреби кои ги имаш како маж.

На мојот збунет поглед таа одговори:

- Зарем не можеш да ме сакаш поради она што сум, а не само поради она што го правам со тебе во кревет?

Ми стана јасно дека таа вечер нема да има секс, се завртев и заспав.

Следниот ден му се јавив на шефот и му реков дека земам слободен ден, за да поминам повеќе време со својата жена.

Отидовме на ручек, потоа ја однесов во една стоковна куќа со огромен дел за женска гардероба.

Одев заедно со неа додека пробуваше неколку прилично скапи комплети.

Не можеше да се одлучи кој да го земе, па и реков дека ќе ги земеме сите.

Сакаше и чевли, кои би се сложувале со тие комплети, па и реков да земе по еден пар за секој комплет.

Стигнавме до делот со накит каде што и земав еден пар дијамантски нараквици.

Да ви кажам... беше толку возбудена.

Мора да мислеше дека сум на чекор до банкрот.

Помислив дека ме тестира кога побара топчиња за тенис, иако никогаш во животот не земала рекет во раце.

Мора да го поттикнав нејзиното размислување кога и реков:

- Се разбира драга!

Беше блиску до сексуално задоволство од силната возбуда.

Насмевнувајќи се, конечно рече:

- Мислам дека ова би било сè, ајде да одиме на каса.

Едвај се воздржав кога и реков:

- Не можам, не сум расположен.

Лицето и доби блед изглед кога ја отвори устата и изусти:

- Молам!?!?

Тогаш и реков:

- Само сакав да ги држиш овие работи во прегратките извесно време....

- Ти едноставно не ги разбираш моите финансиски проблеми што ги имам како маж, за да ја задоволам желбата за купување што ти ја имаш како жена.

И баш кога го имаше тој поглед, како да сака да ме убие, додадов:

- Зарем не можеш да ме сакаш поради она што сум, а не само поради работите кои ти ги купувам?

Очигледно ни вечерва нема да има секс...

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg