Го обожавам она што е недозволено, недостижно, невозможно

Никој никогаш нема да ми ја разбистри главата со едноличните реченици кои започнуваат со „Не смееш... Не можеш... Немој!“

go-obozavam-ona-sto-e-nedozvoleno-nedostizno-nevozmozno-01

Си ја сакам таа своја конфузија кога нешто е слатко, а невозможно, блиско, а недостижно, понекогаш дури и отровно за мојата среќа.

Сепак, среќата ми е релативна состојба, која често пати се граничи со монотонија. Кој ќе ме разубеди во спротивното - не знам, но додека не успее, ќе уживам во мојата лична перцепција на среќата.

Според мене, среќата лежи во личноста која ме вади од кожа и може да го направи тоа во било кој момент од денот.

За мене среќа е кога со високо кренат поглед го лоцирам она што е на врвот на кулата, она што не можам да го досегнам ни во сон, без оглед на тоа колку скалила ќе искачам. Сè попатно како да е помалку важно.

Среќна сум кога недозволеното ќе стане моја лична опсесија, која ме доведува до лудило. Никогаш не сум разбрала зошто некој и нешто ја има таа моќ врз мене, но ете, секојдневно ми се случува.

Среќна сум со она што никој не може да го има, со она што никој не го посакува. Не затоа што не е доволно привлечно, туку затоа што сите му се плашат. Изгледа сум отрпнала од страв, па се заљубувам во возбудата.

И сè уште не сум ја пронашла дефиницијата за она што го сакам, ако тоа се прашувате. 

Само знам дека тоа е нешто поголемо од секојдневно испланираните секунди, минути, часови... Многу поголемо од оние клишеа кои сите ми ги посакуваат.

Најчудно е што, ако еден ден го достигнам недостижното, повторно ќе најдам таква цел, таква личност, таква случка.

Вие? Го пронајдовте она нешто за кое постоите? Она нешто кое ви го крева адреналинот, ви ги отвора очите и ви го запира здивот?

Можеби е тој, можеби е таа, можеби е предмет... Сеедно, само пронајдете го што побрзо!

М.Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава