Татко ми ме научи да не бидам плен, туку да бидам силна девојка

Не се мачи да го прашуваш келнерот што ќе пијам јас и заштеди си ги парите, немој да ги трошиш за мене, тоа од старт сакам да ти биде јасно. Не можам да си објаснам, ама некако погрешно си ја протолкувал сликата за згодна жена која седи на шанкот. 

tatko mi me nauci da ne bidam plen tuku da bidam silna i samostojna devojka 01

Тоа не е излог на кој јас сакам да ги ставам моите гради, ниту да го прчам мојот задник. Таму сум затоа што сакам да имам една нормална вечер во барот, со пиво и жива музика како сите живи на светот.

Не можам да те обвинам, во денешницата секако постојат многу кучки, кои би дале сѐ само за коктел или два или можеби див секс на задното седиште во твоето BMW. Но, знаеш што како што вие велите дека не сте исти, за среќа ниту ние жените не сме исти.

Не ме интересира твојата банкарска сметка, ниту твојот нов iPhone 7, не сакам да знам колку вили и викендички имаш, ниту па колку станови поседуваш. Не сум јас управа за јавни приходи, па да се грижам за твојот имот.

Не ми намигнувај, не нарачувај песни и не се обидувај да ме купиш со „сељачки“ фори, не сум во клубот за да бидам уловена, јас не сум плен. Ако сум излегла со намерата да „ќарам“ нешто верувај ми јас ќе бидам предатор, тоа еднаш засекогаш треба да го зацртате во вашиот машки мозок.

Носам штикли, затоа што сакам да ги покажам моите нозе, да ја изразам мојата женственост и се шминкам за да бидам дотерана бидејќи едноставно така се чувствувам. Тесното здолниште и кошулата ми се нови, мора ли да имам причина или да сакам да легнам со било кој маж за да изгледам средено?

Немам намера да бидам ничиј десерт, ако мажите околу мене мислеа дека јас ќе бидам специјалитет на нивното мени секогаш кога изгледам скоцкано, тогаш морам да ги разочарам. Ако и ти си мислеше така морам да ти кажам, дека единственото нешто кое ќе се тркала во твојот кревет ќе бидеш ти, воздивнувајќи од возбудата предизвикана од твојата рака.

Ако сакам да пијам коктел, ќе си купам. Јас работам за да бидам самостојна жена, не ми требаш ти за да ми покажеш дека можеш да ме освоиш. Немам намера да го напумпам твоето его, за ти да бидеш фраер кој има секс за една вечер, а јас да бидам курвата која беше искористена. Жалам, но тој филм нема да оди на репертоарот вечерва.

Не досадувај и не ми ја праќај пијачката одново и одново. Ако не ја прифатам првиот пат, нема да ја прифатам ни третиот пат. Остави ме да уживам, јас не излегов за да те анимирам тебе или било кој од твоите сингл другари. Ако сакам нешто посебно, јас имам храброст и ќе дојдам да ти го кажам тоа директно.

Не мисли дека ќе се опијанам, а ти ќе можеш да ја искористиш ситуацијата, можам да се грижам за себеси, мене татко ми ме научи да бидам силна девојка.

Запомни едно нешто, ти не можеш да ме поседуваш, ти не можеш да ме купиш. Јас не сум твојата секс кукла, со која ти ќе се забавуваш привремено. Жалам што на светот постојат жени што не можат да го сфатат тоа, но ако нив им е убаво тогаш нека бидат згазени и покорени.

Вечерва не сакаш да си играш со мене, јас сум супер без тебе и без другите мажи кои ќе се обидат да ми се пуштаат вечерва. Запри ја фантазијата и скрати ги соништата, вечерва си одиш без мене, среќна дружба со раката!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава