Ќе бидеме џентлмени кога вие ќе почнете да се однесувате како дами

Екстремното доцнење не било, ниту пак некогаш ќе биде во мода. Доцните повеќе од 30 минути и не нудите ниту извинување.

Ke-bideme-dzentlmeni-koga-vie-ke-pocnete-da-se-odnesuvate-kak-dami-01.jpg

Наместо тоа бурно почнувате да објаснувате како сте „накурчени“, како шефот е најголем кретен на светот, а колегата „сељак“ кој постојано ве „буља“ во деколтето. Одличен начин да се започне еден состанок.

Нема место за сослушување на соговорникот. Јас, јас и само јас. Не можеме да дојдеме до збор. Во ред, познати сме по тоа што како мажи и не сме некои брборковци, ама покрај вас сме како неми. После излегува дека сме намќори.

Од каприц ли е, од инает ли е, тест ли е, ама секогаш успевате да ја нарачате најскапата пијачка од менито. Пијачка која излезени со другарките не би ја нарачале ниту на сон.

И мене ме фати еднаш некој глупав инает и решив да ја платам сметката само половина. Погодете уште колку пати ја видов девојката после тоа? Нула пати.

Уште живееш со твоите? Да, кусо одговарам.

Гледам благо разочарување кое прелетува низ твоите очи. А ти, прашувам?

Да, и јас уште сум со моите. Ама за женско друго е.

Како тоа друго е? Навистина не го разбирам ова. Претходно слушнав цел еден монолог за еднаквост и рамноправност, ама одеднаш јас како машко сум најголемиот неуспех што сум уште со моите дома. За тебе и не е ништо трагично, „друго е“. Битно сме еднакви.

Почнуваш повторно да се жалиш како животот со домашните те излудува. Се обидувам да останам заинтересиран додека објаснуваш како секое утро те будел мирисот на манџи и пржен кромид. Не ти требал аларм, мајка ти како навиена готвела запршки насабајле пред да оди на работа.

Алергична сум на кромид. И лук. И манџи. И грав… тука ги набројуваш веројатно сите 518 јадења што ти паѓаат напамет.

Слушам и се обидувам да не заспијам од досада. Не ми е јасно од каде потекнува таа потреба за лажно фасадирање и претставување на нешто што не си. Сигурен сум дека си „фукнала“ барем една 10-ка со кромид после излегување во град. Ама си молчам, културно. Потоа додавам дека кромидот одлично оди со ќебапи.

Бљак, дополнуваш со израз на чисто гадење. Еве сме, во Париз и секое утро појадуваме кроасани со фин крем, наместо пржени јајца.

Ништо не знам да зготвам, победносно изјавуваш со некое чувство на особена гордост. Пред некој ден успеав да загорам едни макарони. Опасно е по живот кога готвам. Да бидам искрена, не си го местам ниту креветот насабајле. Што ќе го местам кога вечерта пак ќе легнам во него и ќе го растурам?

Па, бонус поени барем за искреноста.

Не разбирам како дојдовме до дереџе каде што се исмејуваат основните домашни и хигиенски навики. Да, машко сум и средувам по дома. Да, и јас правам ајвар со моите. Не, не ми е срам. Не глумам нешто што не сум, а можеби тоа е најголемата мана денеска – да си искрен и чесен, наместо да се правиш нешто што не си бил, не си, ниту ќе бидеш.

Одеднаш ја почнуваш играта „Кого познаваш во градот“. Со кого си јадела, со кого си пиела, колку „јака“ фаца бил тој. Мене тоа навистина не ме интересира. Ниту на некој начин ме импресионира.

Ме уморува само што те слушам, а слепоочниците веќе почнуваат да ми пулсираат. На овој состанок му дојде крајот, не можам веќе ниту да те гледам. Не е дека не си физички убава. Ама умствено и душевно си прилично грда.

Доаѓа сметката и јас ја плаќам целата. Тоа е нели – џентлменски. Ќе беше пристојно и воспитано барем да посегнеше по паричникот, ама ти си се гледаш во огледалцето без ниту една грижа на светот и си ставаш нов слој сјајче на усните.

Не те прави дама светкавото сјајче, ниту скапиот маникир, ниту високите штикли. Не си дама кога немаш елементарно домашно воспитување, не умееш да го сослушаш соговорникот и зборуваш како навиена само за себе.

Не си кул кога постојано употребуваш простачки, уличарски изрази, ниту кога глумиш дека не знаеш да спржиш едно јајце. Или дека си алергична на правосмукалката.

Не можеш да бидеш дама кога одвисоко ги проценуваш луѓето и им се обраќаш на истиот начин, а не знаеш правилно да ги прекрстиш нозете. Фактот што не си го местиш креветот и друг чисти зад тебе не те прави дама, те прави неспособна.

Секако дека ми го одмеруваш автомобилот и секако дека не ти нудам превоз до дома.

Ќе станеме џентлмени кога вие ќе почнете да се однесувате како дами. Или барем како пристојни и нормални човечки суштества.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg