Приказна: Кој сум јас?

Застанал некој млад дечко до еден мудар старец. „Извини дедо, но дали знаеш како да откријам кој сум јас?“ – прашал дечкото. „Ти си она што ти мислиш дека си“, објаснил старецот. „Ќе ти објаснам со една приказна.“

prikazna-koj-sum-jas-01

Еден ден покрај градските ѕидини, во самракот можеле да се видат двајца како се прегрнуваат.

„Тоа се тато и мама“ – си мисли невино детенце.

„Мора да се љубовници“ – мисли човек со покварена фантазија.

„Сигурно се двајца пријатели кои не се виделе долго низ годините“ – мисли човекот кој живее сам.

„Најверојатно се двајца трговци кои направиле добра зделка“ – мисли човек свртен кон парите.

„Сигурно татко го прегрнува синот кој се вратил од војна“ – мисли жена со нежна душа.

„Тоа е ќерка која го прегрнува татка си кој се вратил од пат“ – мисли човек ожалостен од смртта на својата ќерка.

„Ех, двајца заљубени“ – мисли девојка која сонува за вистинска љубов.

„Ене ги, двајца ќе се степаат до смрт“ – мисли убиец.

„Којзнае зошто се прегрнуваат“ – мисли тетка оговарачка.

Старецот заклучил: Сите си создаваме различни мислења. Сето зависи од нас, од нашиот карактер. На тој начин почнуваат и да се шират разни мислења, разни приказни. Ѕирни во сопствените мисли. Ти самиот најубаво можеш да видиш кој си и што си.

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...
Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...

Најчитани неделава