|
Животот е најскапоцениот подарок кој сме го добиле некогаш. Но, постојат правила по кои треба да играте. Ако животот го гледаме како еден вид на игра...
...тогаш ова се правилата кои треба да ги знаете:

1. Ви подариле тело. Можете да го сакате или да го мразите, но ќе биде ваше целиот живот.
2. Ќе учите лекции. Запишани сте во неофицијално училиште кое се вика Живот. Секојдневно имате прилика да учите одредена лекција. Може да ви се допаѓаат или да ги сметате за неважни и глупави.
3. Не постојат грешки, постојат само лекции. Растењето е процес на пробување и грешки – експериментирање. Неуспешните експерименти се исто така дел од процесот, исто како и успешните.
4. Лекцијата се повторува додека не се научи. Лекцијата ви се нуди во различни облици се додека не ја научите. Само кога ќе ја научите може да преминете на следната.
5. Учењето никогаш не престанува. Не постои период од животот кој нема своја лекција. Ако сте живи, тоа значи дека се уште постојат лекции кои треба да ги научите.
6. „Таму“ не е подобро од „овде“. Кога вашето „таму“ ќе постане ваше „овде“, тогаш едноставно ќе ви се појави некое друго „таму“ кое повторно ќе изгледа подобро од „овде“.
7. Другите луѓе се огледало на вас самите. Не можете да сакате или мразите нешто кај другите личности, а да тоа не е нешто што го сакате или мразите кај себе си.
8. Исклучиво од вас зависи каков живот ќе водите. Ги поседувате сите способности и особини кои вам ви се потребни. Од вас зависи како ќе ги употребите. Изборот е секогаш ваш.
9. Решението е во вас. Одговорите на животните прашања лежат во вас. Се што треба да правите е да гледате, слушате и да верувате.
10. Сето ова ќе го заборавите.
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Хумористични факти за бракот...На тема брак и шеговити заклучоци на оваа тема, еве што има кажано Душко Радовиќ, препознатлив по својот хумористичен начин на пишување.
... Интересни мисли за храната...Колку уживате во храната? Се радувате да испробувате нови и нови специјалитети или сте ограничени на здрава исхрана и диети? Ова се најинтереснит... Откачени секс факти...Нашиот разновиден свет крие бројни интересни факти, посебно оние кои се поврзани за сексот. До сега ви запознавме со доста од нив, ова се уште......
 |