23 Животни правила

23-zivotni-pravila-povekjeПостојат некои работи кои не можете да ги знаете додека не ги пробате, но можете да ги научите од туѓите искуства за да си го олесните животниот пат.

 

Иако најдобро се учи откако ќе почувствувате нешто на сопствена кожа, имајте го овие нешта на ум и без тоа:

1. Секогаш проголтајте ја гордоста и кажете  “Прости ми“.

2. Забавете. Животот е прекраток за да го поминете трчајќи.

3. Целите не се важни колку што мислите. Понекогаш заборавете на нив и уживајте во она што го имате.

4. Најважен момент е сегашниот, па живејте за него. Плановите можат да се расипат, а минатото и онака нема да се врати.

5. Кога на детето му треба внимание, секогаш одвојте време наместо да ве нервира што ве прекинува во одморот или работата.

6. Немојте да се задолжувате. Долговите носат повеќе главоболка отколку корист. Трошете помалку отколку што заработувате.

7. Бидете она што сте. Немојте да се правите кул со сила.

8. Немојте никогаш да праќате порака или мејл кој не е за очите на целиот свет. Во дигиталното доба во секој момент таа може да стане јавна.

9. Не можете да ги мотивирате луѓето. Најдобро што можете да направите е да ги инспирирате со своите акции.

10. Ако пливате во јато риби без цел, немојте да мислите дека и другите риби знаат каде одат.

11. Многу работи ќе ви недостасуваат, но тоа е во ред. Никој не може да има се. Научете да уживате во искуствата, а не во предметите.

12. Грешките се добар начин да научите нешто од нив. Кога ќе погрешите исправете ја грешката и продолжете понатаму.

13. Неуспесите се составен дел од животот. Никој не успеал, без претходно неколку пати да доживее неуспех.

14. Одморот е поважен отколку што мислите.

15. Пријателствата не се склопуваат преку ноќ. Тоа е долготраен процес.

16. Дестинацијата е само мал дел од патот. Немојте да бидете оптеретени со целите затоа што може да не видите каде одите.

17. Шетањето решава многу проблеми.

18. Ослободете се од очекувањата. Наместо да ги идеализирате работите, доживејте ги.

19. Натпреварувањето е ретко продуктивно, споредувањето уште поретко.

20. Благодарноста е најдобар начин да пронајдете задоволство.

21. Сочувството е поважно од барањето сопствено искуство.

22. Вкусот се менува. Немојте да тврдите дека нешто не би направиле никогаш.

23. Бидете весели. Радувајте се на ситниците и она што го имате.

Би можело да ве интересира:

Имал преку 250 љубовници, син му е бездомник и спие на клупа - Скандалозната приказна на Том Џонс Џонс никогаш не бил премногу дискретен во однос на своите љубовни авантури, а во...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Мозокот не чувствува болка и уште 8 чудни факти за човечкото тело што звучат нереално Знаевте ли дека кога се прави трансплантација на бубрег, хирурзите не ги отстран...
10 топли пораки со кои можете да честитате Бадник Доколку сакате готови пораки за честитање Бадник на саканите и пријателите, имам...
Три брака, големи здравствени проблеми во детството - Каде е денес Сертаб Еренер, турската победничк... Сертаб Еренер е единствената претставничка на Турција која победи на Евровизија....
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...

Најчитани неделава