Најинтересни факти за чоколадото

Речиси и да нема човек кој не обожава чоколадо. Сладок, вкусен или на кратко – совршен десерт, кој на сите ни мами мала насмевка на лицето.

najinteresni-fakti-za-cokoladata-01

Но, сте се запрашале ли колку точно знаете за него?

- Чоколадoтo веќе со векови се смета за силен афродизијак. Од древните Ацтеки, па се до Казанова – сите веруваат дека чоколадoтo е еликсир на љубовта.

- Првата чоколада е произведена во Англија во далечната 1842 година.

- Пред речиси 2,500 години чоколадото било служено во облик на пијалок, најчесто со многу горчлив вкус.

- Дали знаевте дека овој пресладок десерт се топи на околу 34 степени, што е нешто помалку од температурата на телото? Затоа и чоколадата се топи веднаш штом ја ставите на јазик.

- Истражувањата покажале дека темната чоколада го подобрува помнењето и концентрацијата, затоа што го зголемува протокот на крв во мозокот.

- Без сомневање, жените јадат речиси дупло повеќе чоколади од мажите.

- Помеѓу 40 и 50 милиони луѓе на светот живеат од индустријата на чоколадо, а само во Белгија тој број изнесува околу 17,000.

- Наводно, постојат докази кои укажуваат на тоа дека Наполеон речиси секогаш носел коцки чоколадо со себе за време на воените операции.

najinteresni-fakti-za-cokoladata-02

- Верувале или не, какаото се суши седум дена на сонце пред испораката на производителите на чоколадо.

- Просечниот Швајцарец годишно јаде околу 10 килограми чоколадо. Веројатно и затоа имаат најмалку забележани случаи на срцеви удари.

- Чоколадото содржи одредена количина на кофеин, но тоа е неспоредливо мало за разлика од една шоља кафе.

- Најголемото чоколадо кое влегло во Гинисовата книга на рекорди, направена е во Чикаго, а тежи речиси шест тони.

- Дрвото со какао живее и до 200 години, но зрната се користат само 25 години заради нивниот квалитет кој опаѓа со текот на годините.

- Доколку изедете коцка или две чоколадо, ќе добиете потребна енергија за да испешачите само 50 метри.

- За да се направи еден килограм чоколадо потребни се околу 400 зрна какао.

- Чоколадите од 100 грама содржат најмалку 500 калории.

Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...

Најчитани неделава