30 прашања на кои треба да одговорите пред да заврши годинава

Секоја година, дури и ако на прв поглед ви изгледала неверојатно здодевна, е посебна и исполнета со нови искуства и сеќавања.

30-prasanja-na-koi-treba-da-si-odgovorite-pred-zavrsuvanjeto-na-starata-godina-001_copy.jpg

Вистинските прашања ќе ви помогнат да ги идентификувате најважните моменти од годината која поминала и ќе ве подготват за тоа што допра треба да го остварите.

Одговорете искрено на секое од следниве прашање и ќе се уверите дека 2016 навистина била неверојатна година...

1. Што направивте за првпат во животот во 2016 година?

2. Што нема да направите никогаш повторно?

3. За кои постапки се каете?

4. А, за кои сте горди на себеси?

5. Што не се одвиваше според плановите оваа година?

6. Ако можете да избирате меѓу поправање на една од грешките кои ги направивте во изминатава години и милион долари, што ќе изберете?

7. Кој беше најголемиот ризик кој го презедовте оваа година?

8. Што е најскапото нешто што го купивте?

9. Колку пари заработивте во изминатите 12 месеци?

10. Кое е најубавото место кое го посетивте изминатата година?

11. Кое е највкусното јадење кое го пробавте?

12. Кои книги ве инспирираа?

13. Која песна ќе ве потсетува на 2016 година?

14. На кој настан најмногу ќе се сеќавате?

15. Кои ТВ серии ви станаа омилени?

16. Кој влијаеше на вас најмногу оваа година?

17. Кои денови од 2017 година никогаш нема да ги заборавите?

18. Кој е највредниот совет кој го добивте оваа година?

19. Со што се изненадивте себе си?

20. Ако можете да се вратите низ времето на првиот ден од 2016-та година, каков совет би си дале себеси?

21. Ако треба да ја сместите годината која помина во некој филм, од кој жанр би бил тој?

22. Постои ли некој на кој треба да му се извините пред да започне новата година?

23. Која беше најтешката одлука што моравте да ја донесете?

24. Што е она што веќе не го давате или примате оваа година?

25. Опишете ја 2016 година со три зборови.

26. Во што оваа година беше подобра од претходната?

27. А, во што полоша?

28. Како го поминавте вашиот роденден во 2016-та година?

29. Какво изненадување ви приреди животот во изминатата година?

30. За што сте најблагодарни оваа година?

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
Роден е од афера со стјуардеса, не може да го наследи тронот - Кој е вонбрачниот син на принцот Албе... „Мојот татко ме призна кога бев бебе, и тоа беше доброволно - не поради тоа што ...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...

Најчитани неделава