Нес, макијато, капучино - и пиењето кафе стана сложено

nes-makijato-kapucino-i-pienjeto-kafe-stana-slozeno-povekjeВо минатото немало толкав избор на кафиња како денес. Денес може да бирате меѓу илјадници видови со разни додатоци – сакате мало макијато...


...долго еспресо, нес нематено, нес без млеко, фредочино, капучино со пена, па капучино со шлаг...

Овој топол напиток кој е наменет за уживање и опуштање, претворен е во нешто крајно сложено, така што пред да отидете во кафуле ви треба брошура за да знаете како правилно да нарачате.

Како се менуваат работите:

Во 1991 година:

nes-makijato-kapucino-i-pienjeto-kafe-stana-slozeno

Келнер: Повелете, што сакате да се напиете?

Гостинот: Едно кафе ќе ве молам.

И ви носи турско/македонско/домашно кафе во бакарно жолто ѓезве.


2001 година

Келнер: Повелете, што сакате да се напиете?

Гостин: Едно кафе ќе ве молам.

Келнер: Служиме само еспресо.

Гостин: Па добро, тогаш едно еспресо.

Го носи еспресото со прилог бугарско чоколатце побелено да ти е страв да го ставиш во уста.


2011 година

Келнер: Повелете, што ќе се напиете?

Гостинот: Едно еспресо (затоа што турско кафе во кафулињата одамна стана мисловна именка)

Келнерот: Сакате скратено, продолжено, обично, појачано или осиромашено?

Гостинот: Обично.

Келнерот: Сакате во мала, средна или голема шоља или можеби во плитка, а широка?

Гостинот: Во мала.

Келнерот: Сакате можеби и млеко во кафето?

Гостинот: Може малку млеко...

Келнерот: Сакате ладно или топло, со -5% масти од соја или кравјо?

Гостинот: Еј ај те молам дај ми чај од нане! (Со повишен тон и желба да опцуе се живо и диво)

Келнерот: Сакате од свежо или од исушено...

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека никој не може да ве изнервира како домашните Оставање ѓубре во мијалникот, оштетен автомобил, валкана облека среде соба – нек...
„Правда за стапалата на Викторија“ - Бекамова исмеана поради свитканите прсти на црвениот тепих „Дали им е добро на твоите стапала, Викторија?“ „Ослободете ги прстите на Виктор...
„Чувам пари за патувања“ и уште 9 хит одговори на жени зошто не си прават маникир кај професионалец Жени гласно порачуваат дека лакираните нокти не ја прават жената (и дека ги обож...
Македонка бира лубеница со Chat GPT: „Одбери ми зрела, блага и заокружи ја“ „И јас ќе пазарам вака од сега“, „Лубеницата е посветла од мојата иднина“ - се д...
Маки што им се познати само на високите луѓе, низ смешни фотографии Ниски тавани, ниско поставени банкомати, тесни автомобили и авиони – ова се само...
8 хит вицеви на тема пари и сиромаштија Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш? - Сакам да станам милјардер како татк...

Најчитани неделава