Упатство за љубителите на пиво

upatstvo-za-ljubitelite-na-pivo

Летните горештини најдобро се консумираат со добро изладено пиво. Особено во комбинација со фудбал – нема подобро освежување. Ова е едно кратко „упатство“ за сите пивопијачи:

Симптом: Пивото е необично бледо и безвкусно.

Одговор: Чашата ти е празна.

Акција: Замоли некој да ти купи уште пиво.

 

Симптом: Ѕидот пред тебе е прекриен со неонски светилки.

Одговор: Си паднал на грб.

Акција: Врати се на шанкот.

 

Симптом: Устата ти е полна со пепел од цигари.

Одговор: Си паднал на стомак.

Акција: Погледни горе.

 

Симптом: Пивото е безвкусно, кошулата ти е мокра.

Одговор: Не си ја отворил устата или си ја прислонил чашата на погрешен дел од лицето.

Акција: Оди во ве-це и вежбај пиење пред огледало.

 

Симптом: Стапалата ти се ладни и мокри.

Одговор: Ја држиш чашата под погрешен агол.

Акција: Сврти ја така што отворот да и гледа кон плафонот.

 

Симптом: Стапалата ти се топли и мокри.

Одговор: Лоша контрола на бешиката.

Акција: Застани до кучето кое ти е во близина и пожали се на неговото воспитување.

 

Симптом: Подот ти е заматен.

Одговор: Гледаш низ дното на празна чаша.

Акција: Замоли некој да ти купи уште пиво.

 

Симптом: Подот ти се движи.

Одговор: Те изнесуваат од кафана.

Акција: Замоли ги да те однесат во друга кафана.

 

Симптом: Собата е необично темна.

Одговор: Барот се затвора.

Акција: Прашај го барменот каде живееш и тргни накај дома.

 

Симптом: Внатрешноста на таксито одеднаш прима чудесни бои и текстури.

Одговор: Консумацијата на пивото ги надминала твоите капацитети.

Акција: Прекриј ја устата со кеса.

 

Симптом: Се будиш и се чудиш кај си и како си стигнал до таму.

Одговор: Не си ти виновен.

Акција: Напиј се уште едно пиво!

Би можело да ве интересира:

10 фото-докази дека некој имал полош ден од вашиот (и ќе ви олесни) „Браво за човекот кој оставил гума за џвакање на појасот во авион / Седнав во то...
Фото компилација: Смешни (и трагични) катастрофи од салони за убавина Огромни трепки, смешна фризура, ужасни нокти – фотки кои ќе ви покажа зошто не т...
8 хит вицеви на тема пари и сиромаштија Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш? - Сакам да станам милјардер како татк...
Смешна фото-компилација: Луѓе кои „станале на лева нога“ Заборавена пица во рерната, скршена тава од челик, скинат патент на првиот работ...
Хит приказна: Вработен во фирма им барал пари на заем на сите колеги... Еден дечко се вработи во мојата канцеларија пред шест месеци, и уште во првата н...
Фото-компилација што ќе ве разгневи: Навики со кои луѓето ги иритираат нивните партнери Дали вашиот партнер никогаш не става нова ролна тоалетна откако ќе ја потроши ст...

Најчитани неделава