Пијанството на женет човек

pijanstvoto-na-eden-zenet-covek-povekjeПеро се разбудил со жестока главоболка по Божиќната прослава во својата фирма. Во главно не пиел, но таа вечер малку се подзаборавил па дури...

 

...и не се сеќавал како стигнал дома.

pijanstvoto-na-eden-zenet-covek

Размислил што се можел да направи во таа состојба во која се наоѓал. Отворил очи и прво што здогледал до себе – неколку аспирини и чаша вода. А, покрај нив – црвена ружа.

Станал, и што да види. Облеката спремна, чиста и испеглана. Гледал низ собата и се било во совршен ред.

Го зел аспиринот и се извадил од памет кога на огледалото во купатилото забележал голема модрица под едното око.

Меѓутоа, забележал и порака на аголот од огледалото напишана со црвен кармин и отпечаток од усните на жена си на огледалото.

Душо, доручекот е во рерната, излегов порано за да купам намирници за да ти ја зготвам омилената вечера. Те сакам драги!

Отишол во кујната – и што да види! Доручекот спремен, топло кафе и дневен весник. Син му си појадувал на масата.

Го прашал синот: “Сине, што се случи синоќа?
Синот одговорил: “Па, се врати дома околу 3 часот по полноќ, пијан и избезумен. Падна преку масата и ја искрши, после повраќаше во ходникот и кога удри во вратата си ја доби модрицата“.

Збунето прашува пак: “Како тоа да е се во најдобар ред сине? Ружа, доручек, кафе...?

А, тоааа! Па мама те одвлече во спалната соба и кога пробала да те соблече, ти си рекол “Остави ме жено, оженет сум!

Наравоучение:

  • Скршена маса – 6.000 денари
  • Топол доручек – 200 денари
  • Два аспирина – 50 денари
  • Изговорена вистинска работа во вистинско време – НЕПРОЦЕНЛИВО!Smile

Би можело да ве интересира:

8 хит вицеви на тема пари и сиромаштија Што сакаш да станеш кога ќе пораснеш? - Сакам да станам милјардер како татк...
Хит видео: 3 продавачки ѝ вадат чизма на сопругата на Андрија Милошевиќ - актерот ѝ фаќа сеир Додека ја снима сопругата како пробува да ја извади заглавената чизма со помош о...
Смешна компилација: Мемиња во која ќе се пронајде секоја жена Дали плачете кога сте под многу стрес? А, дали ви се случува да ви се размачкаат...
Наташа Беквалац и првиот сопруг имаат по 3 разводи, на Твитер се шегуваат: „Не се давај Нато, мора д... „Ова е само борба за сребро, златото одамна си го обезбеди Дарко Лазиќ“, „Е, сег...
Фото-компилација што ќе ве разгневи: Навики со кои луѓето ги иритираат нивните партнери Дали вашиот партнер никогаш не става нова ролна тоалетна откако ќе ја потроши ст...
Фото-компилација: Смешни изведби од луѓе кои решиле да бидат „сам свој мајстор“ Клима уред што е инсталиран надвор, скалила кои личат како да се направени од ка...

Најчитани неделава