Говор на телото кај новороденчињата: Како да препознаете кога е гладно или болно?

Како да знаете дека треба да му смените пелена?

Родителите често се прашуваат како да бидат сигурни дека е време за промена на пелената.

Иако наједноставно решение е да се провери пелената, има неколку знаци кои бебето ги дава, со кои укажува дека му е непријатно.

Тоа се: плачење, возбуда, црвенило на лицето како и обиди да се оддалечи од изворот на непријатност - мрдање со нозете или рацете.

Овие знаци ќе му помогнат на родителот поскоро да ја ублажи непријатноста која бебето ја чувствува.

govor-na-teloto-kaj-novorodencinjata-kako-da-prepoznaete-koga-e-gladno-ili-bolno-04.jpg

Знаци дека е време за спиење

Препознавањето на овие знаци е од особена важност, бидејќи така се воспоставува соодветна рутина за одмор.

Знаците дека новороденчето е уморно вклучуваат прозевање, триење на очите, раздразливост, опуштен и сонлив израз на лицето или континуирано плачење што е помалку ритмично отколку плачењето што укажува на глад.

Понекогаш бебињата дури можат да станат поактивни кога се уморни, што може да биде збунувачки за родителите. Сепак, учењето да го препознаете специфичниот говор на телото на вашето бебе може да помогне да се воспостави правилна рутина за спиење кај него.

govor-na-teloto-kaj-novorodencinjata-kako-da-prepoznaete-koga-e-gladno-ili-bolno-05.jpg

Знаци кои укажуваат на тоа дека на бебето му е ладно или топло

Одржувањето на соодветна телесна температура е од клучно значење за благосостојбата на новороденчето, бидејќи неговиот систем за терморегулација е сè уште недоволно развиен и помалку ефикасен отколку кај возрасните. Ова ги прави бебињата почувствителни на температурни промени и носи поголем ризик од хипотермија или хипертермија. 

Сепак, на родителите може да им биде тешко да утврдат дали на нивното дете му е премногу ладно или премногу топло. 

Бебе кое е недоволно покриено или изложено на претерано ниски температури може да биде студено на допир, да трепери или да биде нервозно.

 Меѓутоа, ако му е топло, тоа ќе се испоти, ќе му се појави црвенило на кожата и ќе стане раздразливо и плачливо.

Колики (грчеви), стомачни болки или други болести - еве како бебето ни укажува дека има проблем

Новороденчињата може да доживеат различни физички заболувања, вклучувајќи и грчеви, стомачни болки и гасови. Кога новороденчето има болка, може неутешно да плаче, да има поцрвенето лице, да ги влече колената до градите или да се грчи.

Некои деца, исто така, може да станат особено раздразливи или возбудени, па обично одбиваат физички контакт, покажуваат напнати изрази на лицето или дишат брзо и тешко.

Способноста да се препознаат овие сигнали им овозможува на родителите навремено да интервенираат и да ја ублажат болката на новороденчето. Иако не постои универзален лек за колики, постојат некои стратегии кои можат да помогнат да се олесни непријатноста, како што е нежно масирање на стомакот во насока на стрелките на часовникот, држење на бебето во положби поинакви од лежење и внимавање на исхраната.

Дополнително, може да се користат шишиња против колики, бебето треба да се стимулира да подригнува по хранењето, да се капе со млака вида,  да се понуди физички контакт и смирувачко галење - доколку бебето сака.

 govor-na-teloto-kaj-novorodencinjata-kako-da-prepoznaete-koga-e-gladno-ili-bolno-07.jpg

Останати сигнали кои ги испраќа новороденчето

Исплашеното бебе може да има загрижен израз на лицето, да се вкочани или очајно да плаче. Во овие случаи, потребно е да му се обезбеди удобност и да му се помогне да се смири.

Здодевноста е уште едно чувство што новороденчињата можат да го изразат преку специфични сигнали, иако тие потешко се препознаваат бидејќи лесно може да се помешаат со други сигнали. На пример, доенчињата може да покажат немир, да зјапаат во возрасен во исчекување на одреден стимул или да плачат за да привлечат внимание.

На крајот на краиштата, треба да се запомни дека секое дете е уникатно и комуницира со помош на гугања, движења и изрази на лицето кои можеби на почетокот изгледаат исти, но родителите може да ги препознаат преку внимателно набљудување и искуство.

Секако, за било каков сомнеж или неодумица можете да го контактирате и вашиот педијатар. 

С. Ш. | Црнобело / фото: pexels.com



Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Исчезнала, па ја нашле мртва во подрумот – Кој ја убил Џо Бенет Ремзи, 6-годишна ѕвезда на натпревар... Во 1996-та, 6-годишната Џо Бенет Ремзи отишла да спие. Но, во 5 наутро девојчето...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg