Кога ве напуштаат најсаканите...

koga-ve-napustaat-najsakanite-povekjeТАТКО е голем збор и голема одговорност... Велат дека врските на релација татко – ќерка се оние најцврстите и најубавите. Нема ништо поубаво...


...од тоа да ги оствариш очекувањата на родителите и да станеш некој и нешто во животот, но исто така и нема поголемо разочарување од она што може да ти го приреди својот родител...

Сакам да Ви кажам дека губењето на еден од родителите е најголемата болка која што може да ја почувствувате, како и тогаш кога поради банални нешта ќе ви го завртат грбот. Јас имам татко кој реши да ме избрише засекогаш од својот живот - а, јас го сакав најмногу на овој свет... Понекогаш не ја разбирам мајка ми кога ми вели дека децата се најголемо богатство на светот - кога за мојот татко ние не постоиме...

Наскоро ќе се омажам, и жално е што нема да те имам крај себе да ме изнесеш од домот како што е ред, и нема никогаш да заиграш на мојата свадба или да кажеш здравица во име на нашата среќа... Истот така жалам што нема никогаш да го земеш во прегратка ова дете кое го чекаме со нетрпение, жал ми е што никогаш нема да те гушне и да те нарече ‘дедо’, но, нели, секој ја креира својата судбина и секој ги одбира своите патишта- така барем велеше ти.

Не знам дали луѓето поради кој не замени вредат за сите пропуштени мигови кога растевме и созреваме, кога очајно ни требаше татковска љубов и поддршка...

Се надевам дека си среќен и многу те сакам- но, не тебе, туку оној татко кој беше пред да заминеш...

Текстот ни го испрати наша читателка која сака да ја сподели својата вистинска приказна.

С.

Би можело да ве интересира:

12 чудни работи низ светот кои најверојатно никогаш нема да ги видите во Македонија Скејт парк во форма на јајце на око, мотоцикл „облечен“ во фармерки, уринали пре...
Основни правила за носење чанта кои секоја девојка со стил треба да ги знае Не одете на формални настани со приврзоци на чантата кои делуваат детски или тро...
„Ја организирав евакуацијата по катастрофата во Чернобил – бев само по маичка и здолниште, несвесна ... „Првиот автобус пристигна во 14 часот. Стоев во мојата маичка и моето здолниште,...
Детали за најчудниот љубовен триаголник во НАСА: Астронаутка со чекан и пиштол сакала да ја убие љуб... Само неколку месеци откако се вратила од Меѓународната вселенска станица, астрон...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...

Најчитани неделава