На 10-годишна возраст киднапирале и сурово убиле дете – Каде се денес едни од најмладите убијци во историјата?

na-10-godishna-vozrast-kidnapirale-i-surovo-ubile-dete-kade-se-denes-edni-od-najmladite-ubijci-vo-svetot-04.jpgПругата на којашто било најдено телото

Бидејќи малиот Џејмс веќе бил пријавен за исчезнат, полицијата брзо стигнала до снимките од безбедносната камера во трговскиот центар.

Сега им останувало уште да го откријат идентитетот на децата, а во тоа им помогнала жена која ги препознала.

На британските телевизии биле објавувани фотографии од убијците, а жената ги видела додека бегаат од училиште и ги познала.

Веднаш се јавила во полиција и Џон и Роберт биле приведени за испрашување.

na-10-godishna-vozrast-kidnapirale-i-surovo-ubile-dete-kade-se-denes-edni-od-najmladite-ubijci-vo-svetot-10.jpgРодителите на Џејмс кратко по откривањето на неговото тело

Првично полицајците мислеле дека децата само помогнале во киднапирањето, па за нив било вистински шок кога сфатиле дека тие се и убијците.

Децата биле испрашувани неколку дена и на почетокот негирале, но на крајот Џон признал, па и ги прашал полицајците дали ќе можат да ѝ се извинат на мајката на Џејмс.

Роберт, од друга страна, не признавал, но направил грешка кога во текот на испрашувањето кажал точно каква облека носел Џејмс на денот на смртта.

Со физичките докази, како крвавата облеката на децата, и испрашувањето, полицајците се увериле дека ги фатиле виновниците.

na-10-godishna-vozrast-kidnapirale-i-surovo-ubile-dete-kade-se-denes-edni-od-najmladite-ubijci-vo-svetot-05.jpgГробот на Џејмс

Судењето почнало девет месеци подоцна, а пред судницата имало многу локалци кои барале и смртна казна за малите убијци.

Јавноста била особено згрозена од Роберт кој изгледал потполно ладнокрвно додека траело судењето.

Психијатрите утврдиле дека децата немаат проблеми со менталното здравје и можат да расудуваат погрешно од правилно. Ова, пак, го отежнало наоѓањето на мотивот за нивното злодело.

Поради тежината на случајот, на децата им се судело како да се возрасни.

na-10-godishna-vozrast-kidnapirale-i-surovo-ubile-dete-kade-se-denes-edni-od-najmladite-ubijci-vo-svetot-02.jpgЏејмс Булџер

Тие добиле неодредена затворска казна која требало да трае најмалку осум години. Дотогаш тие би наполниле 18 години, по што повторно би им се направила процена.

Доколку не претставувале закана за општеството, би биле ослободени.

Бидејќи во затворот не правеле проблеми, осум години подоцна, во 2001-ва, и двајцата биле ослободени.

По ослободувањето, на Џон и Роберт им бил доделен нов идентитет бидејќи надлежните стравувале дека ќе бидат нападнати од гневните локалци за да се одмаздат.

Но, едниот од нив повторно се судрил со законот.

na-10-godishna-vozrast-kidnapirale-i-surovo-ubile-dete-kade-se-denes-edni-od-najmladite-ubijci-vo-svetot-09.jpgЏејмс Булџер

Додека Роберт Томпсон уште се крие зад новиот идентитет и наводно досега не предизвикал никакви проблеми, Џон повторно е во затвор.

Во 2008 година бил уапсен најпрво за тепачка, а потоа за поседување кокаин.

Подоцна, пак, во неговиот компјутер била пронајдена порнографска содржина со малолетници.

Повторно бил затворен, но во 2013-та бил условно ослободен и добил уште еден нов идентитет.

na-10-godishna-vozrast-kidnapirale-i-surovo-ubile-dete-kade-se-denes-edni-od-najmladite-ubijci-vo-svetot-12.jpgРодителите на Џејмс

Во 2017-та, во неговиот лаптоп повторно биле најдени фотографии од деца и станало очигледно дека Џон е педофил, по што бил затворен.

Во 2020-та побарал ново сослушување за кое бил одбиен.

Но, во септември годинава се дозна дека побарал уште едно сослушување, а овојпат му било одобрено.

Сослушувањето е закажано за ноември и наводно постои можност тој уште еднаш да биде пуштен на слобода.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg