Банани во чоколадо

banani-vo-cokolado-povekjeОвошјето и чоколадото се одлични сојузници и може да ви помогнат да ја разубавите романтичната вечера или едноставно да ги израдувате...


...најблиските со интересен, а едноставен десерт.

Ако уживате во овошје со чоколадна обвивка не треба да очајувате што не е сезона на јагоди. Бананите се еднакво блиски пријатели со сите видови чоколадо :)

- Растопете 200-250 грама чоколадо за готвење, по желба додадете и лажица-две млеко. Најдобро е да го топите на пареа ставајќи го металниот сад со чоколадо над тенџерче со врела вода.

- Исечете ги бананите на половинки или третинки.

- Вметнете (дрвено или пластично) стапче во секое парче банана и тркалајте го овошјето во чоколадото додека сосема не се покрие.

banani-vo-cokolado-1

banani-vo-cokolado-2

- Посипете ја секоја банана со ситно сецкани ореви, лешници, бадеми, кокос или мрвици. По желба може да користите бело чоколадо или да додадете уште некоја арома во растопеното чоколадо.

banani-vo-cokolado-3

banani-vo-cokolado-4

Наредете ги на чинија обложена со масна хартија и оставете ги да се оладат во фрижидер најмалку 20 минути.

Во фрижидер може да се чуваат и неколку дена.

За поситни парченца може да користите чепкалки, а за подолги стапчиња за ражничи.

Би можело да ве интересира:

Таинствениот живот на единствениот син на Ал Капоне: Со децении се криел со лажно име Иако некои извори велат дека не му е биолошки син, Ал Капоне имал само љубов за ...
Интимни средби со стјуардеси, алкохол пред лет: Мрачните тајни на пилотите (кои добиле отказ) Иако мнозинството пилоти се посветени професионалци кои можат да ни служат и как...
6 знаци дека треба да избегнете некој ресторан кога сте на одмор – веројатно е „туристичка замка“ Имаат вработено личност која „собира“ гости од улица или се наоѓа веднаш до позн...
14 вешти луѓе кои со свои раце создадоа мали ремек-дела (фото) „Со часови гледав во фотографијата од мојот миленик пред да направам приврзок со...
Мистерии решени со помош на Google Maps, од „обични“ луѓе Убиства, исчезнувања… Многу луѓе сонуваат да се најдат во улога на детектив, а с...
Фото-компилација: Како изгледале порано предметите што ги користиме секојдневно? Сте виделе ли кредитна картичка од пред половина век? А, лаптоп од 1997 година? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg