Рај за мамурните

raj-za-mamurnite-povekjeКаде би процветал бизнис за инстант спас од мамурлак, ако не во Вегас? Hangover Heaven е волшебен автобус каде влегувате дехидрирани, со убиствена...


...главоболка и упорно мумлајќи „никогаш веќе нема да пијам“, а по помалку од 1 час излегувате препородени и спремни за нова чашка :)

Основач на фирмата е доктор Jason Burke, анестезиолог кој сфаќа колку не е фер ви се уништи целиот ден само затоа што сте пиеле цела ноќ. Особено ако сте на одмор или викенд, времето за забава е скапоцена работа, па затоа од 8 до 15 часот вози неговиот син автобус подготвен да ве освежи за да продолжите со лумпување низ Лас Вегас.

raj-za-mamurnite-1

Тој тврди дека не постои никаков ризик бидејќи терапијата се добива само откако медицински лица ќе ја разгледаат целата здравствена историја на кутриот мамурен клиент. Потоа следува волшебниот коктел-инфузија со чија помош наместо за вообичаениот период меѓу 4 и 48 часа, алкохолните последици испаруваат за само 20 минути.

raj-za-mamurnite-2

Витамини, амино киселини и проверени безбедни лекарства ќе ве спасат од пеколот за само 90 долари, колку што чини основниот пакет во Hangover Heaven.

Би можело да ве интересира:

Вистински хорор-приказни од операции и процедури за убавина (направени во непроверени клиники) „Целата ситуација беше како пекол. Се сеќавам дека се погледнав во огледалото и ...
„Разговорот што посакувам да го имав со мајка ми пред да наполнам 40 години“ „Мајка ми убаво ми објаснуваше за промените на моето тело. Уште пред да си играм...
14 фото-докази од ситуации кога природата создала магични моменти Замислете – кршите јајце и од него излегуваат две жолчки. Или очекувате огромна ...
Сè ве боли, нема крај на плаќање сметки: 15 проблеми кои како старееме почнуваме да ги имаме Проблем број 1 и 2 на возрасните се: „Да размислуваш што ќе јадеш, секој ден, за...
Бизарни методи за утврдување бременост што се користеле во минатото Од проверување на бојата на женските гениталии, до уринирање врз јачмен и пченка...
„Имам 4 кредитни картички и долг од 90.000 € што го кријам од сопругот – сепак потрошив богатство за... „Додека купував подароци кои не можам да си ги дозволам, бев свесна дека морам д...

Најчитани неделава