15 вештини на модерните жени

15-vestini-na-modernite-zeni-povekjeЖените се познати по способноста да прават повеќе работи одеднаш. Освен својата работа, се грижат и за децата, сопругот, домот.

 

Ова се вештините кои секоја жена во 21 век мора да ги поседува:

1. Да знае да прифати комплимент и да реагира соодветно. Своите достигнувања треба да знае да ги цени и да знае да се заблагодари за секој доделен комплимент.

2. Да знае да каже „не“.  Секоја жена мора да научи дека понекогаш треба да се стави себе си на прво место – пред децата, партнерот, колегите и шефот. Само среќна и задоволна личност може да ги усреќи другите.

15-vestini-na-modernite-zeni-1

3. Да верува на својот инстинкт. Нашето внатрешно претчувство може да ни помогне во многу случаи. Затоа е неопходно да се следи инстинктот. Женската интуиција не е урбан мит.

4. Да има самодоверба кога е гола. Сопственото тело е најубав инструмент кој го имаме и треба да го прифатиме онакво какво што е.

15-vestini-na-modernite-zeni-2

5. Да излезе од дома без шминка. Секојдневното шминкање нема да ве направи поубави.

6. Да пие без да се натреска. Не треба секогаш кога ќе пиете алкохол да завршите камен пијани, туку напротив да изгледате убаво, шармантно и достоинствено.

7. Да оди на високи потпетици. Нозете во високи потпетици изгледаат подолго и поубаво, едноставно секси. Но, мора да знаете да се движите како што треба.

15-vestini-na-modernite-zeni-3

8. Да купи соодветен градник. А, да не е претесен.

9. Да го одржува својот автомобил. Да знае да промени гума ако треба, да наточи бензин, но и да поразговара со механичарот на редовен сервис или поправка.

15-vestini-na-modernite-zeni-4

10. Да излезе од лоша врска. За да биде врската успешна, мора да се работи на меѓусебниот однос со партнерот. Но, и да се има храброст да се прекине врската која веќе не функционира.

11. Да биде сингл. Убаво е да имате потпора во животот, но слободната жена мора да научи да биде среќна и кога нема маж во животот.

12. Да совлада курс по самоодбрана. Секогаш дава чувство на сигурност и самодоверба.

15-vestini-na-modernite-zeni-5

13. Да се организира. Неорганизираност во животот води до стрес. Добра организација води до спречување од натрупаност на обврски.

14. Совршено да готви барем еден оброк. Барем едно фантастично јадење по кое ќе биде препознатлива.

15. Домашни поправки. Да знае да промени сијалица или да намести полица – ситни поправки за кои навистина не е потребна машка помош.

Колку од овие исполнувате вие или вашата партнерка?

Би можело да ве интересира:

Некултурни луѓе кои заслужуваат да се најдат на „ѕид на срамот“ (фото) Луѓе кои блокираат раскрсници бидејќи минуваат на жолто, родители кои им дозволу...
Моќта на датумот 11.11 и како да го искористите позитивното влијание на четирите единици (според нум... Деновите како 11 ноември, кога се формира низата 1-1-1-1, во нумерологијата се с...
Преплашен е од неа, таа има дечко: Најлудите теории на заговор за бракот на Доналд и Меланија Трамп „Познавам само една личност што го мрази Доналд повеќе од Меланија“, има изјавен...
8 причини зошто животот со смартфон е (многу) полесен, низ илустрации Ако порано сакавме да си купиме облека, немавме избор освен со часови да шетаме ...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
„Нерешени“ мистерии кои (веројатно) имаат научно објаснување Знаевте ли дека круговите во жито за кои многумина верувале дека се направени од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg