Како најголемите светски брендови ги добиле своите имиња

kako-najgolemite-svetski-brendovi-gi-dobile-svoite-iminja-coca-cola-nike-lego-povekjeСекојдневно се среќаваме со познати имиња на брендови како што се Кока Кола, Амазон, Лего и Најк. Нивните имиња се препознатливи...


...во целиот свет, а зад секое од нив стои приказна за нивниот настанок.

Лего – потекнува од двете дански зборчиња "Leg" и "Godt" кои во превод значат „играј добро“.

kako-najgolemite-svetski-brendovi-gi-dobile-svoite-iminja-coca-cola-nike-lego-1

Ланецот на маркети „7eleven“ го добил името во 1946 година кога се работело од 7 часот наутро до 11 часот навечер.

Адидас настанал со спојување на името и презимето на основачот на оваа компанија, која својот пат до светскиот успех го започнала во кујната на Адолф Даслер. Тој дошол до името на брендот со спојување на својот прекар „Ади“ со првите три букви од презимето „Дас“.

kako-najgolemite-svetski-brendovi-gi-dobile-svoite-iminja-coca-cola-nike-lego-2

Канон името го добива според будистичко божество, а фирмата прво се викала Kwanon, но во 1935 година името го променила во Canon, за брендот да биде подобро прифатен ширум светот. Неговиот најголем конкурент, Никон, е име кое потекнува од прекар, и е скратеница од оригиналниот назив "Nippon Kōgaku Kōgyō Kabushikigaisha" кој во превод значи „Јапонска оптичка корпорација“.

Кока Кола го добива името според ливчето кока и оревчињата кои се во основата на вкусот на овој пијалак, а Пепси по ензимот пепсин.

kako-najgolemite-svetski-brendovi-gi-dobile-svoite-iminja-coca-cola-nike-lego-4

Најк е основан 1964 година под името "Blue Ribbon Sports", а официјално станува Nike во 1978 година кога е именуван по грчката божица на победата која има слично име – Ника.

Ауди настанува кога основачот Август Хорш си го превел своето име на латински, што во груб превод значи „слушај“, а Волксваген преведено од германски значи „народен автомобил“ и на пазарот е претставен како евтино возило кое секој ќе може да си го дозволи.

kako-najgolemite-svetski-brendovi-gi-dobile-svoite-iminja-coca-cola-nike-lego-5

Амазон, најголемиот шопинг сајт, името го добил на прилично логичен начин. Џеф Безос сакал да основа фирма која ќе почнува на буквата А за да излегува прва во резултатите при пребарување, па зел речник и почнал да прелистува кога застанал кај зборот „амазон“. Така ја именувал својата компанија затоа што сакал да биде голема и силна како реката Амазон.

Би можело да ве интересира:

10 фото-докази дека реалноста често може да нè разочара повеќе од очекуваното „Порачав играчка за кучето. Едно што не е иста, туку толку се плаши од неа, што ...
12 ретро-фотки од мајки и баби, кои изгледаат како да се излезени од модно списание Дали во старите семејни албуми некогаш сте ги виделе фотографиите од своите мајк...
Фото-компилација: Како изгледаат секојдневните предмети во други држави? Во Холандија има разградливи чаши за кафе, а во јавниот превоз во Австралија има...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Морничави трагедии кои се случиле во парковите Дизниленд (и Дизни пробува да ги скрие) Дете изедено од крокодил, дечко кој загинал на ролеркостер кој се изместил од ши...

Најчитани неделава