Очајна потрага по сопруга

ocajna-potraga-po-sopruga-povekjeКако би нарекле маж кој си бара жена преку оглас? А ако уште и нуди 10 000 долари за тоа? Сигурно не одговоривте: доктор. Сепак хирургот Emil Chynn...


...од Њујорк, својата очајна потрага по сопруга ја продолжува токму со оглас каде ветува донација од 10.000 долари на име на оној кој ќе го запознае со вистинската.

ocajna-potraga-po-sopruga-1

И неговите претходни стратегии исто така вклучувале награди за среќниот „пронаоѓач“. Во 2004 година Chynn пуштил абер дека сака да се жени, а неговите пријатели веднаш потпрашале што ќе добијат ако му помогнат.

Започнал нудејќи им по 100 долари од состанок за првите 10 средби, 10.000 долари за евентуалната веридба и уште толку за свадбата. Големите цифри всушност би биле исплатени од неговите родители кои едвај чекаат снаа и внучиња. Бидејќи ова не успеало, пред две години преку оглас понудил бонус од 10 000 долари за личноста која ќе му помогне да си најде сопруга.

Правдајќи се дека поради работата не му останува многу слободно време, Chynn вели дека му е неопходна помош за да запознае жена каква што посакува. За 100 долари најмил жена која му го пополнила профилот на Match.com, а потоа најмил човек кому му плаќал по 100 долари за секоја девојка со која на Match.com ќе контактира во негово име.

Бидејќи нема време за губење, докторот би влегол во приказната само откако асистентот ќе го добиел нејзиниот телефонски број. Неколку пати има платено по 10 000 долари на професионални matchmaker-и, но ни вака не му се исполниле желбите. Разочаран од професионалните посредници одлучил стандардната тарифа од десет илјадарки да ја даде на некоја добротворна организација штом се појави вистинската.

ocajna-potraga-po-sopruga-2

Chynn истакнува дека сака да има деца, а за среќа планира наскоро да се пензионира па нема да мора да најмува посредници што ќе им глумат татко.

Ако се прашувате како тоа еден богат хирург не успева да се ожени, мора да спомнеме дека освен немањето време и користењето чудни деловно-посреднички методи, Chynn има и листа критериуми што вистинската мора да ги исполнува. Интелектуалка, да не пуши, да нема деца, да сака да има деца, да има околу 30 години, убава, слабичка и бела!

Не знаеме каков е вашиот впечаток, ама ние можеби и ќе му ги простевме бизарните методи сѐ додека не откривме дека е расист. Барам бела жена. Колку романтично!

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
„Мона Лиза“ и уште 6 од најскапите предмети кои биле украдени – по дел уште се трага Сликата „Мона Лиза“ која денес се проценува на повеќе од една милијарда долари, ...
Дишење опасни гасови, хероин: Бизарни лекови за настинка и грип од минатото Во минатото, луѓето верувале дека со испуштање крв, телото се чисти од токсини, ...
Поевтино од Македонија: Во кое грчко летувалиште ќе си купите праски и кајсии за 30 денари килограм? Краставици – 30 денари килограм, цреши 150 денари килограм... Овој јуни, но и из...
„Изгледаш добро за годините“ и уште 8 најглупави коментари кои ги добиваат жените во Македонија Иритантен коментар во Македонија e кога маж е дома со децата, додека жената е из...
Грешки со кои им ја олеснувате работата на крадците кога сте на патување Не го прицврстување телефонот со ремче или нешто слично додека фотографирате нао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg